Фасцинантното потекло на имињата на земјите од Јужна и Средна Америка, се движат од легендарни владетели, преку називи на реки кои на индијански јазик значат „реки на обоени птици“, до шпански зборови за длабочина, па и вид на дрво кое некогаш растело на атлантските брегови.Името на Бразил доаѓа од бразилското дрво „pau-brasil“ на португалски, на латински caesalpinia echinata, кое порано во голем број растело на атлантските брегови на оваа земја и на кое Португалците први налетале.
Името на ова дрво води потекло од латинскиот збор „брас“ и суфиксот „-ил“, со оглед на тоа дека по бојата потсетува на зажарен јаглен. Првобитно, европските освојувачи оваа земја официјално ја нарекувале Земјата на Светиот Крст, но колоквијално се користел називот Земја на бразил, бидејќи тоа дрво бил главен производ за извоз. По некое време, ова стана официјално име на земјата.
Не се знае точно зошто Мексико се вика Мексико. Поточно, се знае, затоа што престолнината на Ацтеките се викала Мексико-Тенохтитлан, па е одлучено Нова Шпанија – која стекнала независност од европската матица, да се преименува во Мексико. Но, не се знае што точно значи зборот „мексико“.
Познато е само дека зборот го означува срцето на царството на Ацтеките, но неговата етимологија, иако што суфиксот „-ко“ на нахуатл значи „место“, е предмет на многу дискусии. Некои мислат дека зборот е изведен од Мекстлија, тајно име на ацтешкиот бог на војната и нивниот заштитник Уицилопочтли, што би значело дека Мексико е „место во кое живее Уицилпочтли“. Други мислат дека зборот е изведен од „мецтил“, што значи месечина, па полното значење би било „место што се наоѓа во центарот на месечината“, што е референца на фактот дека ацтешката престолнина се наоѓала на остров во езерото.
Колумбија го носи името според Кристофер Колумбо, име кое требало да ги обедини сите поранешни шпански краеви на Јужна Америка во една држава.
Аргентина, чие има буквално значи „Сребреник“, е изведено од латинскиот збор argentum, односно „сребро“, на шпански јазик „плата“. Легендата вели дека покрај реката се наоѓа планина која е полна со сребро, па во 16 век таа река го добила името Ла Плата, односно Сребрена река, а целата област, подоцна и држава, името Аргентина.
Перу можеби му го должи своето име на човек по име Биру, кој бил локален владетел во 16 век, кога Шпанците дошле на таа територија и кои целата област ја нарекле по него. Алтернативно, Инката Гарсиласо де ла Вега – кој бил син на инканска принцеза и шпански конквистадор, напишал дека Биру е всушност најобичен Индијанец, на кого Шпанците налетале. Шпанската круна одлучила целата област на поранешната империја на Инките да ја нарече Поткралство Перу, а името е задржано по стекнувањето на независноста.
Венецуела го доби името според Америго Веспучи. Имено, во 1499 година, тој бил навигатор во експедицијата на Алонсо де Охеда. Областа кај езерото Маракаибо, го потсетувала Веспучи на Венеција, па затоа тој го именувал регионот „Венециола“. Моменталниот назив настанал под влијание на шпанскиот јазик, бидејќи тие за деминутив го користат суфиксот „-уела“. Според тоа, Венецуела буквално значи „Мала Венеција“. Иако ова е најпопуларна верзија, сопатникот на де Охеда и Веспучи, Мартин Фернандез де Енсико, во своето животно дело тврди дека тие таму сретнале народ кој себе се нарекувал „Венецлуела“, што би значело дека името Венецуела се развило од домородски збор.
Постојат и различни теории за етимологијата на името Чиле. Една од нив вели дека Инките ја нарекувале долината на Аконкагва како „Чили“. Друга вели дека можеби е во прашање индијански збор за „крај на светот“ или „галеби“; имено, на јазикот на народот Мапуче „чили“ значи „каде што завршува Земјата“, на јазикот на Квечуите значи „ладно“, додека „тчили“ значи или „снег“ или „најдлабоката точка на Земјата“. Постојат и оние луѓе кои мислат дека зборот е ономатопеја на гласот на една локална птица, која ја нарекуваат триле.
Еквадор буквално значи „Република на Екваторот“, поради екваторската позиција на оваа земја.
Гватемала на јазикот нахуатла значи „место на многу дрвја“, Куба на таину значи или „таму каде што е обилна плодната земја“, или „сјајно место“, Хаити на истиот јазик значи „земја на високи планини“, додека Боливија го носи името во чест на Симон Боливар, кој го ослободил цел континент од шпанската колонијална сила.
Името Парагвај доаѓа од името на реката Парагвај, кое веројатно потекнува од гуарани јазикот, од зборот „пара“ што значи „многу видови“ и „гуа“, што значи „во врска со реката“.
Хондурас на шпански значи „длабочини“, а се однесува или на заливот Трухиљо, или можеби на познатите зборови на Кристофер Колумбо кој рекол: „Фала му на Господ што се спасивме од тие длабочини“.
Доминиканската Република првобитно се викала Санто Доминго „Света Недела“, како што денес се вика престолнината на оваа држава. Слично христијанско име носи и Ел Салвадор, „Република на Спасителот“. Костарика на шпански значи „богат брег“, додека Никарагва е назив кој шпанските колонисти го дале според името на локалниот поглавица кој се викал Никарао.
Пуерто Рико е веројатно шпанска верзија на името на јазикот таину, кое гласи „Боринкен“, што значи „земја на богат господар“, додека постои спор околу името кое го носи Панама.
Најпознатата приказна вели дека постоело село кое се викало Панама, што значи „многу риби“, но постојат и верзии дека името доаѓа од зборот на народите Куна „банаба“, што значи „далеку“; па дека станува збор за име на дрво кое тука растело во големи количества и дека зборот всушност значи „многу пеперутки“ на јазикот на домородците, бидејќи првите Шпанци дошле во август, кога има најмногу пеперутки.
Конечно, полното име на Уругвај е „Република Источно од Уругвај“, односно „источно од реката Уругвај“. Името на оваа река е од гуарани јазикот, а значи „река на обоените птици“.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Вашата возраст може да се дознае од вашиот телефонски број
Адам и Ева постоеле: Сите имаме ист предок!
Оригиналните бајки НЕМААТ среќен крај: Црвенкапа е човекојадец, низа самоубиства, силувања…Името на Бразил доаѓа од бразилското дрво „pau-brasil“ на португалски, на латински caesalpini



