АНАЛИЗА: Што би се случувало кога Југославија би влегла во ЕУ? – I дел

Доколку поранешна Југославија би успеала да остане цела, избегнувајќи ги погубните војни во 90-тите години и би влегла во ЕУ, на луѓето од регионот би им било подобро, но и Европската Унија подобро би функционирала. Да се остави национализмот на страна и да се погледне анализата.Ова е заклучокот на проектот на Германското здружение за надворешна политика, поточно на надворешниот соработник Корнелиус Адебар, кој разгледувал што би се случило ако ЕУ вложеше повеќе напори за да го задржи опстојувањето на Југославија и нејзиниот прием како членка.
„Замислете како Европа би изгледала ако не се распаднеше Федерална Република Југославија, туку да речеме, само да останела без префиксот – социјалистичка“, рече тој.
Животите на милион луѓе од Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Хрватска и Косово би биле поштедени, а САД не би ги ангажирале своите војници во Европа по Втората светска војна. Адебар наведе дека и Балканот би можел да биде „подобро место“, со што се согласуваат и граѓаните од независните држави кои се создале по распадот на СФРЈ.

Според тоа хипотетичко сценарио, Југославија би побарала членство во ЕУ во 1991 година и две години подоцна би започнале преговорите за пристап, заедно со Австрија, Финска и Шведска.
Политиката на проширувањето на ЕУ би била сменета – процесот повеќе не би бил геополитички, туку би бил заснован според заслугите. Од ваквиот замислен развој, авторот заклучува дека фактот што постои транзициска земја како Југославија, би можел да влијае врз построгата контрола на економската политика на членките што би можело да ги спречи кризите (како оние што се случуваат во Грција и Шпанија).
Избегнувајќи ја војната на својот праг, ЕУ би развивала поинаква надворешна политика. Бидејќи би немало брутална војна на нејзиниот праг, ЕУ не би работела на заедничките одбранбени сили, туку членките би се потпреле на НАТО, кој би бил ангажиран надвор од европските граници.
Од друга страна, Југославија – како една од основачите на Движењето на неврзаните, би овозможила подобрување на односите на ЕУ со новите сили, како што се Индија, Јужна Африка, Индонезија и Малезија. Ова би била предност за ЕУ, занејќи го фактот дека одредени земји трпат последици од колонијализмот поради некои од членките на унијата.
ПРОДОЛЖУВА…Ова е заклучокот на проектот на Германското здружение за надворешна политика, поточно на надворешниот соработник Корнелиус Адебар, кој разгледувал

Пронајдете не на следниве мрежи: