Апликацијата за работа на еден Охриѓанец!

Погледнете како изгледа апликацијата за работа на еден охриѓанец! 
 До фирмата: ……….. АД
Од: Ванчо ……ски
Охрид, 29-09-2013
 
Почитувани господине Директоре ………
Моето име е Ванчо …….ски живам во Охрид и преку ова писмо би сакал да аплицирам за работа на функција како Директор во вашата фирма!Од ко завршив средно на училиштето Ванчо Питошески (Таткоми ме крстил по него) струка: Келнер јас еве веќе 4 години дремам дома.Имам работно искуство во приватниот сектор, но и како келнер на одредени тераси и плажи.Имам 2 деца и една жена и секој ден ми пиштет да барам работа. Бидеќи како келнер земам само плата (иако земам воопшто) од 10.000 денари, сакам одма да аплицирам за директорска фунцкија со плата од 40.000 денари.
Господине Директоре, сега сигурно се подсмеваш и стигвиш до моментот да го искиниш ова писмо, но те молам продолжи со читање.Јас сум твојот комшија на улица …………………………. бр 23, до пред 4 години имавме јас и ти супер односи. Заедно си праевме скари, заедно одевме на слави, кафе муабети и заеднички пијанства. Пред точно 4 години ти од невработено лице стана директор во ова фирма преку разни врски. Ете ти имаше само основно училиште а јас имам диплома за келнер значит тука веќе појќе ме биват за директор него вас господине директорче!Од 101 скапано, денес возиш Ауди А6 со дупли аусплух, цела улица да те слушнит кога идиш дома.

 
Куќата си ја кренал до господ, целата виделина ми ја зеде, нит сонце, нит месечина не гледам појќе поради тебе. Ама ти е гајле, битно ти си го прчиш газот со плата од 40.000 денари, како што се фалиш на секоја куќна слава.Женати порано секој ден дома ми киснеше, дома ми јадеше, уште дома да ми спиеше а сега нигде ја немат појќе. Секој ден со други фризурчиња се прчит покрај кејон со нејзините “другарки“ кој се едно 100 класа подобри, помлади и поубави од неа. Добар ден незнајт да речит по патон. Ама битно мажму е Директор во фирма, па зато не се дружела поќе со селјаци како нас.За ќерка ти ич да не прам муабет, какво фино и слатко момиче си беше. Ама парите си го прает своето, сега во Скопје ни ти самиот незнајш што прајт. Пред два дена случајно ја видов по улица целата исушена, да си ја провериш што прајт господине Директорче!
Ете значит сигурен сум дека мене поќе од тебе ме биват како директор. И јас знам да мамам, и јас знам да пцујам, и јас знам да им наредувам на луѓе што да прает, само едно незнам да прам и то е ДА КРАДАМ. За то си ти махер, на вработените веќе 3-4 месеци не си му дал плата, ама битно на женати му купи количе Ауди А1, директно од Германија од Фабрика.Мене мајками и таткоми (бог да ги прости) секогаш ме учеле дека лагата имала кратки нозе, така и твојата лага Директорче.Ова што го сторив денес никогаш не би го сторил, но ептен ме наљути поради едно: Женами веќе 15 години работат во фирмата а ти пред една недела без пардон лично и даде одказ. 4 Месеци немаше плата земено, дојдовме до степен да јајме секој ден лебче со ајвар, само поради вас.Ете пред 2 дена одлучив да се јавам на еден брачед, работат во државната иснекција во Скопје и во моментов е на пат со цела екипа накај Охрид, идит во вашата фирма.Спремај си ги купените дипломи, спремај си ги сите фискални давачки, спремај ги сите докази дека си работал фер и исправно но 99% сум сигурен дека ќе ти ја затворет фирмата и дека и дома ти ќе поминеле да мушнет каква е состојбата.
Така да си знајш господине директоре, и ситната риба имат големи пријатели. Немораше да стигниме до овај степен, но ти сам си напрај да е вака.Од Магаре на Коњ не се качвит во еден ден, но обратно мојт во една минута да се десит. Зато не скокај многу. Како се рекло: Поарно добар комшија него далечен пријател… а ти мене в′канта ме фрли.
Зато господине (наскоро екс) директоре, би сакал да аплицирам на твојата функција, з’ш денес ќе зборвит правото и ќе се ослободит вашето место во фирмата. Никој немат да те спасит з’ш твојте такаречени “другари“ немат да те познает појќе по патон, исто како што не ме познаваше ти мене.
Ти посакувам среќа на суд и в′затвор.
 
Без почит но со најубав поздрав,
Ванчо …….ски
*некој работи се прикриени поради барање на читателот
Извор: ohrigani.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: