Борко: Ако, само продолжете да напаѓате се што е македонско и се што вреди!

Ценете го тоа што го имате. Зашто утре можеби ќе биде доцна за сите нас. Сакајте го својот народ искрено без разлика на се, затоа што да не беше оваа генерација, Македонија ќе ги гледаше големите натпреварувања на ТВ.26-ти јануари. Денеска е последен наш ден во Доха!
По катастрофално лошиот натпревар (лично мој) чувстував бес, нервоза, внатрешен немир. Не толку од самата лоша презентација, зашто тоа се случува и на поголеми играчи од мене и на поголеми релрезентации од нашата… Нервозата е затоа што можевме да стигнеме далеку, а не стигнавме!
А јас сум човек, личност што или го сакаш или не го сакаш. Затоа што јас сум човек што кажува сѐ во лице, директно. А веројатно директноста во Македонија е огромен луксуз! Можеби затоа и имам толку многу „душмани”, кои сигурно сега се среќни, се радуваат како да успеале во животот. А, не како јас да сум имал еден обичен лош ден. Затоа и е тој гнев во мене, гнев зашто МОРАШЕ да им помогнам на колегите од репрезентацијата. Заедно дишевме овие 20 дена, барем повеќето од нас. И така и се чувствувам (барем јас).
Но, искуството и мирот што го носи играњето во странство и финансиската стабилност ми даде за право да си дозволам од поинаков аспект да го анализирам натпреварот. Малку во мир – сам, далеку од сите и од сѐ!
Затоа и дојдов во собата. Ја заменив дречливата тренерка со зелена боја со малку „понеупадливо“ сива. Нормално репрезентативна. Се симнав на вториот кат од хотелот, во симпатичниот италијански ресторан. Буквално сам! Не сакав да го форсирам Кирца кому во очите му видов колку е разочаран. А, и морав и сакав сам да размислам во мир.
Ме пречека културен келнер од Сирија. Го разгледав менито и по навика го нарачав најдоброто вино. Малку школки, малку лосос и многу простор за размислување.
По кратко размислување сфатив дека единствено ми е жал за вистинските подржувачи на оваа релрезентација, за оние кога беа со нас и кога победувавме и кога губевме. А такви ги има многу!
Ми е криво затоа што на оние кои секогаш се „стручњаци“ и „аналитичари“ им го направиме ќеифот и не одигравме како што треба. Сите оние кои досега никаде ги немаше, а одеднаш се појавија како печурки по дожд. Дури и момчето од новинарската екипа кое сите овие денови трчаше по нас за изјави и молеше да нѐ снима.
АКО, ТАКА ТРЕБА (се смее). Напаѓајте сѐ што е македонско. Сѐ што вреди и сѐ што ви донело можност за радост. Напаѓајте сѐ што овие години ви овозможи воопшто и да се радувате и да гледате големо натпреварување на кое учествува Македонија и се бори со сите!
Ќе требаат неколку дена за да се опоравиме од ова. Сите оние што мислат дека е лесно, се лажат многу!
Ова боли, боли до таа мерка, што јас лично се чуствувам како да сум изневерил пријател, дел од семејството. Да се разбереме. За Македонија играме чисто од патриотски причини! Затоа и е болката толку голема. Затоа и претходно кажав, радувајте се со нас кога победуваме, но тагувајте кога ќе загубиме. Тоа веројатно го можат само оние кои искрено ни ја даваа поддршката сиве овие години! Затоа искрено сум ви благодарен. Сите сме ви благодарни!
Македонија ни даде поддршка. Македонија беше со нас секогаш. Вистинските и искрени поддржувачи и луѓе што ја сакаат оваа репрезентација и државата беа,  и се со нас!
Затоа ценете го тоа што го имате. Зашто утре можеби ќе биде доцна за сите нас. Сакајте го својот народ искрено без разлика на се, затоа што да не беше оваа генерација, Македонија ќе ги гледаше големите натпреварувања на ТВ.
Ви благодарам на сите за искрената поддршка сите овие години!
А за душманите, „стручњаците“ и за лажните љубители на македонскиот народ и спорт: Ви благодариме за сите критики, без вас немаше да успееме и да стигнеме до тука!
Да живее Македонија!
Извор:sportmedia.mk26-ти јануари. Денеска е последен наш ден во Доха!
По катастрофално лошиот натпревар (лично мој) чувстував бес, нервоза, внатрешен немир. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: