Божиновски: Јанева сега тешко ќе може да се дистанцира од поврзаноста со луѓе од опозицијата

Јанева мора да покаже почитување кон институцијата што ја избрала и да се оттргне од блискоста до СДСМ. Само на тој начин може да стекне доверба кај граѓаните, нагласува политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.Тој во разговор за Телеграф.мк вели дека со последните настапи на специјалната обвинителка излегува на виделина нејзината непрофесионалност и дека таа нема капацитет да ја извршува функцијата за која е избрана.
– За да ја почитуваат и таа треба да покаже почитување кон институцијата што ѝ дава легитимитет. Недозволиво е таа кон Собранието да се однесува во стилот „може но и не мора да се појавам“. Таа дури и не одговори на најголемиот дел од прашањата што ѝ беа поставени. Ова особено се однесува на делот за кој таа немаше одговор, односно за што се потрошени половина од парите што ѝ се дадени од буџетот – вели Божиновски.
Според него, Јанева сега тешко ќе може да се дистанцира од поврзаноста со луѓе од опозицијата, конкретно од СДСМ. 
– Катица се поврза со одредени луѓе блиски до СДСМ и таа не се ни обиде да се оттргне од тоа и да биде објективна . Граѓаните поставуваат паралела помеѓу неа и СДСМ. Очигледно е дека таа ќе биде ударниот механизам на СДСМ за изборната кампања. Треба да се направи разлика околу тоа дали граѓаните имаат доверба кон институција специјалното јавно обвинителство, а друго е за луѓето што работат таму и за нивниот капацитет – додава Божиновски.Тој во разговор за 

Пронајдете не на следниве мрежи: