Човек кој после 12 години се разбудил од кома: Бев свесен за се

Loading...

Мојот ум беше заробен во неупотребливо тело, не можев да ги контролирам рацете и нозете, и немав глас. Не можев да направам никаков сигнал или звук, бев невидлив- како дух.Мартин Писториус имал нормално детство во Јужна Африка во 70-те години. Неговите родители, Џоан и Родни, објасниле дека Мартин инсистирал дека еден ден ќе стане „електричен“ човек, залуден по било кој вид електрични уреди до кој можел да стигне.
Но се се променило кога Мартин имал 12 години. Кога дошол од училиште еден ден, им рекол на родителите дека не се чувствува добро. Тоа не било некој обичен грип, а неговите родители почнале да набљудуваат како спие со часови во текот на денот, скоро како што прават бебињата. Што е најлошо, тој не можел да јаде и одбивал се што му нуделе.

Мартин бил тестиран на се, вклучувајќи и Паркинсон, но сите резултати биле негативни. Како што минувале месеците, родителите на Мартин гледале како тој се гаси. Прво ја изгубил можноста да се движи, потоа да остварува контакт со очите и на крајот да говори.
„Неговата состојба се влошувала во втората година од неговата болест. Спиел постојано. Постојано лежел во фетус положба“, вели неговиот татко.
Конечно, еден тест бил позитивен. Се работело за криптокоен менингитис, болест поради која докторите рекле дека нема надеж за Мартин. Рекле дека тој е во вегетативна состојба без интелиганција и предложиле да го одведат дома- да му ја пружат сета љубов до смртта.

 
Но Мартин издржал многу подолго отколку што кажувале прогнозите. Години минувале, а неговите родители продолжиле да се грижат за него. Го облекувале, го хранеле, капеле и ја вршеле сета нега кој му била потребна.
„Алармот беше наместен на секои два часа за да го разбудиме и да му ја промениме положбата, за да не добие рани од лежењето“, вели неговата мајка.
Тоа траело полни 10 години, што на неговите родители им одзло буквално се. Џоана во еден момент изјавила дека му рекла дека се надева дека ќе умре, за агонијата на полуживиот човек да заврши.
„Знам дека тоа е ужасно, но едноставно на сите им требаше олеснување…. во мојата глава тој веќе беше мртов“, вели неговата мајка.
Во моментот кога Мартин бил во средните дваесети години, нешто почнало да се менува. Мартин сега бил во состојба да стисне нечија рака, што е неверојатен напредок во неговата болест. Тој толку се подобрувал, што успеал да седи во инвалидска количка. Сепак, докторите инсистирале дека Мартин има мозок на 3- годишно дете, но една сестра била убедена дека во него има нешто повеќе.

Таа успеала да ги убеди родителите да бараат мислење од друг доктор. На тестот на кој морал да препознае неколку обијекти така што со очите морал да погледне во нив, тој поминал.
„Тогаш ја напуштив својата работа“, вели Џоана.
Таа се посветила следните година дена учејќи го Мартин како да користи специјален џоистик за компјутер. Кога успеала, се се променило бидејќи успеал да селектира зборови со него.
„Гладен сум. Ладно ми е. Сакам тост“, биле неговите први зборови.
Потоа почнале да му се враќаат и другите функции. Осум од 12 години, тој бил невидлив. Од надворешна страна тој бил во вегетативна состојба, но длабоко внатре тој бил свесен- за се.
„Бев тука, не од самиот почеток, но по некои две години од мојата состојба станав свесен“, вели Мартин.
Во текот на процесот, тој ги сфатил своите невозможности.
„Почнав со раката во желба да ја поместам. Сиот мој фокус беше на тоа. Сите се навикнаа на мене и не можеа да забележат дека сум тука, присутен. Ме погоди реалноста кога сфатив дека цел живот ќе го поминам потполно сам. Мојата самодоверба падна, дури си велев дека сум патетичен и дека никогаш нема да се извлечам од тоа. Беше неверојатно болно кога ја слушнав мајка ми дека се надева дека ќе умрам, но брзо сфатив зошто е таа толку очајна. Таа можеше само да ја види бруталната пародија која му се случува на нејзиното дете.“
Додека напредувал, тој успеал да најде работа, се занимавал со веб дизајн, добил диплома, и се оженил со прекрасна жена по има Џоан.
„Се завртев и тука беше човекот со неверојатна насмевка… Да, беше во количка и не зборуваше, но јас го сакам овој човек. Тој е неверојатен“, вели ЏоанМартин Писториус имал нормално детство во Јужна Африка во 70-те години. Неговите родители, Џоан и Родни, објасниле дека Мартин инсистирал дека еден

loading...
Loading...