Дали ова е најголемата тајна на Никола Тесла: Најмоќната енергија се наоѓа во молитвата Оче наш

Кога Никола Тесла бил на врвот на славата, на почетокот на дваесеттиот век, и кога американските и светските медиуми пишувале дека тој е најголемиот светски научник, неговиот пријател, американскиот поет Џонсон го замолил да ја образложи својата животна филозофија.Тесла ја прифатил понудата и напишал прекрасен есеј за тоа како целиот живот, од најраното детство, трага по одговорот на прашањето за зголемувањето на човечката енергија. Тој наведува колку длабоко бил одушевен кога после многу години и децении конечно го нашол одговорот, кој цело време се наоѓал покрај него, во христијанството, и тоа токму во молитвата „Оче наш“ како најдобар генератор на човечката енергија.
Молитвата Оче наш може да се толкува на различни начини, и во секој стих на молитвата може да се пронајде скриена смисла. Еве што можете да откриете во нејзините зборови!
Оче наш: Кога ги кажуваме овие работи, признаваме дека тој е небесен Татко, но и во исто време татко на твоите слуги и надредени, на твојот болен сосед и на сите смртници, бидејќи ти е заповедано од Синот Божји, крајното достигнување на вистината за Бог и за луѓето да кажеш „Оче наш“, а не „Оче мој“.
Но, постои и друг начин на гледање на ова: Во молитвата „Оче наш“ не е изразено ништо друго освен човечката душа – кога таа на правилен начин ќе се издигне толку, што може така да се нарече бидејќи нејзиното потекло е божествено. Ние сме дел од Боженството. Молитвата на човекот треба во моментите на потреба да се издигне до смисла на развој на својата седмочлена природа, а седумте молитви го изразуват и духовно-научното влијание на човечката природа.
Кој си на небесата: Значи дека таму е нашиот отец. Безбожниците кои ги гледаат родителите единствено во овој материјален свет, не можат да веруваат во друго татковство освен она земското. Татковството е големо богатство, а Бог рекол: „Богатството е онаму каде што е вашето срце“.
Но, може да значи и ова: Со ова се укажува на најдлабоката особина на човечката природа, на најскриеното човечко битие, кое по христијанското учење припаѓа на духовното царство. Првите три молби се однесуваат на трите делови на човечката природа, на човечката божествена содржина: „Да се свети името твое, да дојде царството твое, и да биде волјата твоја“.
Потоа следуваат првите три молитви:

1-Нека се свети името твое: Сите наши работи во овој минлив живот нека се осветат со божјото име. Нашето општествено уредување нека биде именувано и покриено со Божјото име.
Но го толкуваат и вака: Во кралството се појавува и Боженството во бескрајна разновидност, а поединците се разликуваат по тоа што им се дава име, кое е суштинско одредување во смисла на тајната наука.
2-Нека дојде царството твое: Божјото царство не може да се разликува од царувањето Божјо. Царството доаѓа заедно со цар. Би било бесмислено да се очекува царство, а да се отфрли идејата за постоењето на царот. Молејќи за божјото царство всушност бараме најсовршена власт, а молејќи за доаѓањето на Царот Бог бараме доаѓање на најсовршениот владетел над себе.
Или: Целиот универзум ја оживува универзалната волја, која се изразува во бесконечната разновидност. Тој процес во тајната или духовната наука се нарекува кралство. Кралството го прикажува Божественото битие во бесконечната различност.
3-Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата: Во небесното царство владее совршената Божја волја. Но, тоа владеење на божјата волја не ни е наметнато со сила, туку сите духови на светлоста своеволно ја усвојуваат, покорувајќи ја својата волја на волјата на Бог како безгрешен.
Како и: Животот во универзумот потекнува од Божествената еманација. Целиот универзум ја оживува универзалната волја која се изразува со бесконечна различност.
А потоа следуваат четири молитви кои го говорат ова:

1-Лебот наш насушен дај ни го денес: Бидејќи, како што не изговараме Оче Мој, така не велиме ни мој леб. Отецот е заеднички татко на сите божји синови, и неговите дарови се заеднички. Тоа е морално-економски принцип за општественото уредување: морален бидејќи признаваме дека е леб од Бог, а економски, зашто лебот што Бог го дава им припаѓа  на сите.
Но постои и вакво гледиште: Физичкото тело можеме да го сметаме за материјален дел на нашата планета. Неговите честички потекнуваат од деловите на планетата и се враќаат во неа. Затоа, не предупредува и да живееме во сегашноста, бидејќи бараме храна за сега, за денес.
2-И прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници: Бог одлучно ја бара оваа обврска од нас. Тој нам ќе ни прости на начин на кој и ние би простиле. Но, не треба да се плашиме од оваа обврска и од овој услов, бидејќи бескрајно многу повеќе сме му должни на Бог отколку што нам целиот свет може да ни биде должен.
Или: Оваа молба се однесува на земското тело и на него мораме да гледаме како на дел од околината. Треба да знаеме дека во астралното тело се наоѓаат сите нагони и страсти. Земското тело во себе крие постојани и трајни духовни својства. Отсекогаш, во тајната наука се означувале грешките против заедницата како такви кои потекнуваат од земското тело.
3-Не не воведувај во искушение: Да се воведува во искушение значи да се стави под знак прашалник. Да нема грев, не би имало ни искушение. Но, ние се чувствуваме слаби и потребен ни е Бог да не спаси од нас самите.
И другото гледиште: Се што се менува брзо и лесно, е во астралното тело, каде што се нагоните и страстите. Тука се радоста и болката и се што се бранува во човечката душа. Грешките од индивидуална природа кои човекот ги прави како посебна личност, настануваат според својствата на астралното тело. Можноста за грешки на астралното тело се нарекува искушение. По искушението, поединецот прави личен грев.
4-Но избави не од лукавиот: Се молиме на небесниот Татко да не спаси од сатаната, кој е носител на сето зло. Тој ги заслепува луѓето и ги води од една во друга илузија, како во личниот живот, така и во општествениот. Тој отсекогаш им шепка зли работи на луѓето и тие безброј пати го послушале, пролеале братска крв, се побуниле на Таткото на своето небество и безброј пати разочарани паднале во очај.
И за крај: На човечкото „јас“, на вистинската личност и остануваат уште многу грешки. Самољубието е навлезено во човечкото тело, и заради тоа човекот станал егоистично битие, кое потпаѓа под влијанието на нагоните.
Зборот зло во тајната наука не се употребува за ништо друго освен за некоја грешка на човечкото „јас“, односно нашата душа.Тесла ја прифатил понудата и напишал прекрасен есеј за тоа како целиот живот, од најраното детство, трага по одговорот на прашањето за зголемувањет

Пронајдете не на следниве мрежи: