Данска демолирана во Скопје

Македонската кошаркарска репрезнетација се пласираше на претстојното Европско првенство во 2015 година откако вечерва во салата „Борис Трајковски” во Скопје буквално ја прегази Данска со 80:46.Македонија ја забележа и четвртата победа во квалификациите за Евробаскет 2015, сосема очекувано совладувајќи ја Данска со убедливи 80-46, обезбедувајќи го пласманот на следниот европски шампионат. Фактот дека Данците пристигнаа во Скопје со само девет кошаркари во ростерот доволно говори за сериозноста со која аутсајдерот во групата допатува во нашата земја, а избраниците на Александар Џикиќ знаеја како да го искористат тоа. Можеби победата можеше да биде и поубедлива, но барем до неа се стигна без никаква мака, без да се потрошат силите пред последниот меч од квалификациите, што ќе се игра в среда во Скопје против Белорусија. Иако веќе имаме четири победи, за сигурен пласман на ЕП 2015 ќе ни биде неопходен и триумф над Белорусите за да се избориме во битката меѓу второпласираните селекции, со оглед на фактот дека од седумте второпласирани репрезентации, најдобрите шест ќе обезбедат место на Евробаскет 2015.Македонија ја забележа и четвртата победа во квалификациите за Евробаскет 2015, сосема очекувано совладувајќи ја

Пронајдете не на следниве мрежи: