Дезинформацијата како политичка валута- самракот на лукративните лажговци

Македонија, лето Господово 2016-то, 21-ви век, април. Година и нешто ситно од денот кога „реформираните“ комунисти облечени во социјалдемократско руво, решија на нас обичните смртници да ни ја обзнанат „Вистината за Македонија“.Или барем нивната вистина, па како вешти грчки трговци,успешно да ни ја продадат за реалност. Планот беше едноставен. Преку снимени разговори на функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ги демаскираат пред јавноста а измачениот ( глупав ) народ, да им се фрли по 10 години повторно во нивната силна „љубовна“ прегратка. Да биде се како некогаш, работите да се вратат во „природна состојба“. И почна бурата. Дозирано, во прецизно одредени интервали, јавноста се труеше со информации, пригодно најавувани, однапред објаснувани, соџвакани и спремни народот да ги голтне. За поголемите „залаци“ беше предвидено интернет „револуционерите“ во комбинација со универзалните активисти на терен, да симулираат голема чаша вода која сета таа каша силум ќе ја втурне во грлото на народот. Чадорите и другите средства за заштита од несакан дожд беа на готовс. Планот на хартија идеален, до толку идеален што по третата „бомба“ веќе почнаа да циркулираат списоци за состав на новата „демократска“ влада предводена од „хероите“ на СДСМ а дворските игри за влез на тој список почнаа да земаат замав.
За жал на љубителите на вистината, работите на терен не одеа така мазно како што беа исцртани на таблата на чадорите. Борбата со замислен противник излезе јалова кога дојде време катите на чадорот да се применат во фронтална битка. Го потценија противникот, сега тоа е многу јасно, но потценија и една голема маса народ која додека истите продавачи на вистина се сончаа по егзотични локации – разви свест и критериум. Но тоа нив не ги спречи. Мораа да ја одиграат последната карта. Жртва на нивните играрии, како секогаш беа македонскиот народ, идентитет, меѓународни позиции, углед. Нешта кои на овие трговци не им значат многу и истите веднаш би ги замениле за власт и моќ па дури и по цена на непостоење на за нив не толку милата Македонија. Денес со бистри глави и нови информации појасно ги гледаме и мизансценот и сценариото и улогите и актерите. За нас кои растевме во транзицијата, ништо непознато. Текстов е наменет на младите генерации, денешните тинејџери кои наивно пред своите лаптопи и смартфони голтаат дезинформации катадневно. Премногу за нивните тинејџерски желудници без да се јават стомачни тегоби. За среќа, 1992-ра е далечно минато. А се почна банално, во некоја рака наивно а се чини за тоа време доволно за посакуваниот ефект, со тогашните „бомби“ т.е. летоците на Тито Петковски. Да, да мои малолетни пријателчиња, летоци или како што денес ги нарекуваме – флаери. Гореспоменатиот господин, во раните 90-ти од минатиот век, како член на раководството на СДСМ, си имаше нарачано товар летоци во кои замислете, ВМРО пројавуваше про бугарски тенденции и желби за спојување со Мајка Блгарија. Поентата беше да се дезинформира, излаже населението дека ако ( не дај Боже ) ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, за три дена ќе не присоедини во федерација со Бугарија. Фатен жив, тогашниот висок член на раководството на СДСМ а сега успешен грчки дедо, можеше само да се прави наудрен и да демантира резигнирано. Историјата го демантираше него. Но во тоа време намреформираните комунисти им беше многу лесно да манипулираат со јавноста. Интернет не постоеше, да, да, не постоеше. Од телевизии само МТВ и А1 од кои вторава на ниво на денешна Шутел каде што од сабајле се готвеа манџи на шпорет додека деца играа на Нинтендо во позадина и јадеа турски чипсови кои ги увезуваше тогашниот сопственик на телевизијата а денешен осуден криминалец и затвореник – Велија Рамковски. Од весници постоеја само „Нова Македонија“ и „Вечер“ комплетно финансирани и скоевски уредувани од високото раководство на СДСМ. Немаше ни спротивно мислење ни критички забелешки. Директивите се објавуваа преку гласилата а комесарите ги спроведуваа на терен, без можност за никакви жалби нит поплаки. ВМРО-ДПМНЕ се демонизираше и распнуваше на крст со секој нов ден. 24/7. 365. Сакам да ги потсетам на тоа време денешниве типци кои со штоперка мерат на која ПРИВАТНА телевизија колку позитивни, негативни и неутрални секунди има за секоја партија. Тие луѓе денес се главни поборници за „демократизација на медиуми “ и непристрасно известување. Тонч. Значи историјата се повторува како фарса. Дезинформацијата се сервира како критериум. Така денес ветуваат вработување оние кои отпуштија 300.000 работници, ветуваат плата од 500 евра истите кои на 2 месеци ја намалуваа заедно со пензиите, ветуваат скромност а на првиот ден на работа ги грабаат сите луксузи. Зборуваат за инвестиции во здравство оние кои од буџетот на министерството купуваа бисерни ѓердани за колешките. Лудило. Во последниве години и фрустрацијата си го направи своето па мораа нивото на дезинформирање на јавноста да го кренат во небесни височини. Тактиката е стара и проѕирна, ширење шпекулации, полувистини и брутални лаги со цел демонизирање на противникот и наметнување на тезата „од двете зла, ние сме помалото“ што тотално им експлодира во фаца минатава година и нешто. Но тоа не ги спречува. Не драги мои. Тие си ја тераат агендата. Нив не им значи ништо фактот што народот не им верува. Тие се свртени кон чадорите, кои изненадени од нивната неспособност, излегуваат од дипломатските сенки за безобразно да ја „потуркаат“ колата на комунистите која е длабоко заглавена во калта на сопствените дезинформации. „Глупавиот народ“ никако да заборави на „банкротот“ од 2012-та, на „убиеното“ девојче со семејството од Куманово од страна на злите режимски полицајци, на посетата на „високо“ ниво на Израел на лидерот на опозицијата со која една „нережимска“ телевизија и новинарот направија будали од себе, на тоа на чии раце е крвта на Младенов, колку млади се отселиле, и поновите за „фалсификуваните“ лични карти (look how that turned out!?!) и 500.000 „фантомскимгласачи“. Дезинформацијата стана редовен оброк на менито на просечниот македонски граѓанин благодарејќи на социјалдемократските правдољубци кои истата ја користат за купување на уште еден ден повеќе на македонското политичко небо. За нивна жал, дезинформацијата како валута не котира добро на македонска почва. И потоа зачуденост како тоа нивната упорност да мултиплицираат лаги кои катадневно се демонтираатм поткрепена со нивната пословична неинвентивност и неработливост а зачинети со ароганција, не даваат резултати. Господо реформирани комунисти, времето на револуционерни пароли и смешни „пленуми“ помина. Народот сега има репер, нешто што може да го допре, види, користи да му е од помош. Не трудете се да му наметнете алтернативна реалност. Повеќе не можете да се „продадете“ ниту како помалото од две зла, па дури ни на сопствени платени анкети. Дезинформацијата има краток рок на траење, до првиот свиок. Соочена со реалноста – пука како меур од сапуница. Во лицето на дезинформаторот. А тоа пече, пече на очи. Погледнете во календарот. 1992-ра е одамна помината. 1948 е уште подалеку.
Денешните генерации се поврзани со светот. Секоја информација им е на еден клик на тастатурата – само треба да ја процесираат низ мозокот а кога тоа ќе се случи – вие сте голи. Не им требаат процесуирани, ready made вистини. Сами сте со сопствените дезинформации и чадорите под мишка.
Македонскиот народ кој вие господо го нарекувате на галено „глупав“ не се плаши од „пролетен дожд“ и не му треба чадор.
До тогаш, „крстете“ се во Катица кога веќе немавте Јајца да се прекрстите пред Велигден.
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарИли барем нивната вистина, па како веш

Пронајдете не на следниве мрежи: