Димитриев му изрази сочувство на Нетанјаху за смртта на Шимон Перес

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во Ерусалим заедно со голем број светски лидери и функционери присуствуваше на државната меморијална церемонија и државен погреб на деветтиот претседател на Израел, Шимон Перес.Македонскиот премиер лично му изрази сочувство на израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху за смртта на Шимон Перес. Ваквиот чин е израз на високо пријателство меѓу Македонија и Израел и на обострана почит меѓу двете земји и двата народи.
Македонија со Израел има соработка на многу теми и во 2008-ма годијна има потпишано билатерална декларација за зајакнување на соработка во областа на безбедноста, договор кој е сличен на Декларацијата што Република Македонија ја потпиша со САД. Истата година Израел ги укина визите за македонските граѓани.
Во 2015 при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потпишана беше Декларација за пријателство која е од стратегиско значење. Нетанјаху тогаш истакна дека двете држави имаат заедничко пријателство кое треба да се искористи за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе полиња.
– Постои традиционално пријателство помеѓу нашите две држави. Има многу области каде што можеме да работиме, енергетиката, земјоделството, науката, образованието, технологијата, и областа на одбраната како и заедничката борба против тероризмот. Ние го цениме ова пријателство и ова партнерство – изјави премиерот на Израел, Нетанјаху на заедничката прес-конференција со Груевски.
Македонија и Израел како две пријателски земји имаат соработка во областа на економијата, земјоделството, иновации и технолошки развој и многу други сфери.Македонскиот премиер лично му изрази сочувство на израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху за смртта на Шимон Перес. Ваквиот чин е израз на високо при

Пронајдете не на следниве мрежи: