Дневникот на еден печалбар од Австралија на одмор во Охрид

Дневникот на еден печалбар од Австралија на одмор во ОхридDay 1: Тудеј слетавме на Ерпортот ин Скопје, после 8 сати каснење ин Инстантбул, конечно пристигнавме во мојата Македонија. 25 години не си ја имав видено мојата најубава земја. Дојдовме поради ведингот на внука од дедоми од тетка Милка во Охрид. Со таксито тргнавме фор Охрид, ми побара 200 евра кои за мене се но проблем. Сум се почудил, ималоасфалтирани роадс низ Македонија. Дури хајвејс имат таму, петролстешионс, ресторантс и што не друго.  После 3 сати ние стасавме ин Охрид, спиеме кај Тетка Николица, ај лајк вери мач!
Day 2: Тудеј со мај вајф решивме да прошетаме низ сити Охрид. Седнавме и порачав една бира, многу експенсив ин Охрид море, една бира 100 денари, незнам шо се цениве волку хај. Во Брисбејн бирата е поефтина а 100 пати е потуристичко, со сопругата секогаш ојме таму на холидеј, ептен релакс е таму! Се најдов со мојот казин, му дадов 10 долари да се напиет нешто со фамилијата, мислам дека должност е ако идаш од Австралија мораш да дајш финансиска подршка.

 
Day 7: Една недела сме со сопругата во Охрид, веќе сум потрошил 300 долари во Охрид. Да имат вакви туристи како мене, Охрид многу ќе опстанит. И во Австралија секогаш бериме пари за стари крај, мораме да им дадеме подршка на Македонија. Само очекував дека од нашите пари ќе имат многу повеќе изградено, каде ошле парите? Во Австралија за све се принтат сметка, да имат доказ што се купило и што не, а овде? Дај луѓе морат да сменит имиџот во Македонија, ако сакате ЕУ мора да се сменит нешто!
Day 15: Денот на ведингот, незнам колку пари сум залепил по музиката, можда 60 или 70 долари, луѓето се крстеле кај што ме гледале. Морам така да сторам, да докажам дека ние во Австралија сме добродушни луѓе, хумани луѓе со големо срце. Ако сме далеку, во срцето си ја носиме Македонија. Ај мис Австралија малку имам Македонско знаме над рефруџеретот, кучето го крстив Номче, све да ме подсеќават на стари крај. Испив неколку бира, ќе одам ту бед сега.
Day 22: Многу сум нервозен денес, бев во родното село, сите пари што сум ги праќал ошле во џепот на некого, натинг немат покажано да се напрајт нешто. Се искарав со мојот казин, му реков кај се тие 200 долари шо му ги пуштив, тој ме опцу и замина. Многу сум разочаран во Охрид и Македонија. Сакам назад за мојот златен Мелбурн. Горд сум на мојата тетоважа со Австралиското знаме. Остадов 500 долари овие 3 недели, и мислам тие се ту мач, никој не ми прајт муабет појќе!

 
Day 30: Фајнали, ќе си одам назад за Мелбурн, последната недела секој ден одевме со сопругата по ресторани, остадов уште 150 долари во Охрид. Последните долари што Македонија ги гледат од мене. За тие 500 долари поарно ќе одам на холидеј во Брисбејн. Купив за казанчињата во Австралија по една мајца од Охрид и за синот шише ракија. Во Скопје на ерпорт сите намуртени, вака не се чекаат гости Македонијо!
Day 32: Афтер 2 дена пат стигнавме конечно во Мелбурн Интернешионел Ерпорт, ја бацив земјата. Многу си ја сакам Австралија моја. Дојдоа сите Македонци од тука да ме видат. Пуштив лента од све што снимав овај одмор со мојата ХД-Камера од Сони, пуштивме народна музика и го отворивме шишето ракија. На песните пуштив солза, иако не поминав ич убаво на одмор, си ја сакам Македонија, верви ме!
Превземено од: Ohrigani.mkDay 1: Тудеј слетавме на Ерпортот ин Скопје, после 8 сати каснење ин Инстантбул, конечно пристигнавме во мојата Македонија. 25 години не си ја имав

Пронајдете не на следниве мрежи: