Доколку сте невработени погледнете го огласот за вработување на Џонсон Мети

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.ОПЕРАТОРИ НА ЛИНИЈА (LINE OPERATORS) Реф.Бр 2013044Џонсон Мети има потреба од Оператори на линија (Line operators) кои ќе му се придружат на нашиот тимот во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.Кандидатите ќе работат како дел од тимот кој произведува автокатализатори преку следење на спецификации и често работење со куси рокови. Целта на работните места е преку работење според план за сменско работење, да се придонесе кон активностите и перформансите на тимот на производство, заради исполнување на барањата во врска со плановите на производствените линии.Имаме потреба од само-мотивирачки индивидуалци со одлични комуникациски способности и способности за воспоставување на ефективни работни односи. Успешните апликанти би требало да поседуваат ефикасна лична организација со цел осигурување на точно и високо квалитетно производство на автокатализатори. Кандидатите треба да имаат силна волја за учење и примена на новите способности, додека одржуваат високо ниво на прецизност и квалитет во работењето. Кандидатите,исто така, ќе бидат одговорни за прилагодување на линискиот товар, следење на линијата преку компјутер, базично поставување на линијата како и прилагодување и прочистување на истата. Од кандидатите се очекува следење на процедурите за заштита и безбедност при работа.

Кандидатите е пожелно да поседуваат:о Работно искуство во производствена или средина со хемиски процесио Способност да се реагира брзо на промените во врска со потребите на бизнисот во различни производствени областио Компетенции во користење на MS Office апликации (Word, Excel)о Познавањето на говорен и пишан англиски јазик ќе се смета за предностОва работно место подразбира работа во три смени.Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: [email protected] молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.Co испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.Краен рок за доставување апликации: 25/10/2013 ОПЕРАТОРИ НА ЛИНИЈА (LINE OPERATORS) Реф.Бр 2013044Џонсон Мети има потреба од Оператори на линија (Line operators) кои

Пронајдете не на следниве мрежи: