Дванаесет тактики како да убедите било кој да направи било што за вас

Дали некогаш сте сретнале некој кој без многу труд ќе успее да ве убеди да направите што било за него?Веројатно мислите дека е многу тешко да ја поседувате таа способност.
Има многу книги кои пишуваат за тоа и тврдат дека кај нив се клучевите за убедување. Добро е да се прочита за нивните начини, но во овие книги е испуштен еден многу важен детал а тоа е ефикасната комуникација со луѓето.
Вие не треба да бидете „мастер“ продавач со бескрајна самодоверба за да бидете поубедливи. Едноставно, треба да посветите повеќе внимание на основните работи и на тој начин ќе ги постигнете успех со тоа што ќе успеете да убедите било кој да направи било што за вас.
1. Направете ги помоќни вашите зборови
Треба да се наоружате со зборови на тој начин што самите ќе можете да го сугерирате одговорот. Можете да го направите ова толку лесно со едноставно потенцирање на клучните фрази.
На пример „сообраќајна несреќа“ е фраза која ве наведува да мислите нс разни типови сообраќајни несреќи. Но доколку некој се обидува да ве убеди да го осигурате вашиот автомобил, нема да каже дека постојат илијадници сообраќајни несреќи секој ден, туку ќе ви каже дека постојат илијадници смртни случаи предизвикани од автомобилите секој ден.
Зборот „смрт“ е многу помоќен збор одколку „несреќа“.
2. Облечете се убаво
Убавата облека ви помага да ја одржите самодовербата, дури и тогаш кога ќе нема никој околу вас да го види тоа. Доколку не го направите тоа, а се најдете во просторија со убаво облечени луѓе, ќе имате чувство дека сте со пониска вредност од нив.
Внимавајте, лицето кое е над вас, ќе има моќ да каже „не“. Вие не би сакале да се случи тоа, бидејќи секако ќе треба да ја задржите контролата во разговорот, но да зборувате кон некој како кон човек со пониска вредност има можност да успеете да го убедите да не учествува во разговорот. Запомнете, има тенка линија помеѓу ароганцијата и наметливоста.

 

3. Фокусирајте се на иднината
Користењето на идно време е одличен начин да воспоставите доверба. Тоа им помага на луѓето да знаат дека се движат напред и дека сте подготвени да го исполните ветеното.
Ова моше да го направите едноставно со зборот „ќе“. Фразите како „ние ќе“ и „потоа ние ќе направиме…“ќе го натераат соговорникот да да замисли дека тоа навистина ќе се случи.
Обидете се да не донесувате одлуки за другите луѓе, наместо тоа зборувајте за можностите и ефектите кои би можеле да се случат.
4. Ставете си ограничување
Луѓето го сакаат она што не можат да го имаат. Дајте им до знаење дека понудата која ја имате за нив нема да трае вечно, па тие нема да сакаат да ја пропуштат.
Ова особено има ефект ако работите со продажба на производи. Тоа е тактика со помош на која производот ќе го направите посебен и редок, па на тој начин ќе се појави желба кај луѓето „да го добијат додека можат“.
5. Одберете го вистинското место за вашата цел
Вие се обидувате да натерате некој да направи нешто, што не сака (се уште). Тоа значи дека истражувањето на теренот е од суштинско значење.
Проучете ја личноста и дознајте како таа повеќе сака да комуницира. Едноставно, прашајте дали сакаат да направите разговор преку телефон или имеил, дајте им неколку опции.
Има луѓе кои преферираат да комуницираат преку електронска пошта отколку лице в лице.

 
 
6. Зборувајте на нивни јазик
Лоша навика е да му упаднете во реченицата на лицето пред да ја заврши истата. Причината за тоа е што ќе ги вметнете вашите зборови во нивните независни мисли.
Слушајте внимателно што личноста има да каже и видете како тие самите размислуваат. Изберете го соодветниот пристап. Дали тие зборуваат жаргонски? И вие ќе треба да го направите тоа. Дали тие кажуваат шеги и ги завршуваат речениците со предлози? Направете го и вие тоа со опуштен стил.
Дури и јазикот на телото треба ефективно да се совлада. Доколку тие сакаат да зборуваат со помош на рацете, тоа значи дека нивната комуникација е активна, па тоа ќе ви помогне да го направите и вие истото. Доколку нивниот говор е резервиран со прекрстени раце, тогаш треба да имате предвид дека треба да избегнете одредени гестикулации за да не го доведете соговорникот во непријатна ситуација.
7. Избегнувајте вербални звуци
Секој пат кога ќе „ммм“, или „уф“…ќе го преќинат вашиот говор, го губите кредибилиттот со лицето кое зборувате. Дури не е ни важно што тоа кое треба да го кажете е значајно.
Бидете јасни и пуштете го вашиот говор слободно да се одвива.  Најдобар начин за да го избегнете тоа, е да вежбатеговор дома, или добро да размислите пред да почнете да зборувате.
8. Направете нешто за личноста
Како дете веројатно им кажувавте по некој убав збор на вашите родители пред да им побарате нешто. Дури и од најмала возраст сфаќаме дека луѓето повеќе би направиле нешто за нас ако имаат некоја корист од тоа.
Можете да го направите тоа пред да почнете да зборувате било што. Ако ја започнете врската со услуга, веројатноста е поголема тоа лице да работи понатаму со вас.

 

9. Погодете го вистинското време
Ова оди во комплет со запознавање на лицето кое е вашата цел. Проучете го и дознајте кое е вистинското време за да зборувате со него.
На пример, некои директори со премногу обврски во почетокот на неделата, најдобро би било да ги „фатите“ во петок. Тоа значи дека во четврток е вистинското време да му приидете и да закажете состанок.
Ова ќе ви оди полесно ако се обидувате да убедите некој кој ви е близок бидејќи со него се разбирате најдобро. Одберете го вистинското време и вашите шанси за успех ќе бидат огромни.
10. Изразете го вашето мислење
Сакате личноста да ви верува? Како да го направите тоа?
Зборувајте за тоа во што би сакале да верувате, и за тоа во што верувате во тој момент. Така лицето кое ќе сакате да го убедите во нешто, ќе стекне доверба во вас.
11. Повторете го она што лицето го зборува
Докажете му дека сте тука со мислите и го слушате што зборува. Можете да го афирмирате својот став велејќи:
„Те разбирам сосема, велиш дека го сметаш ова за важно од причина што….“ Верувајте, на овој начин може да ви појде од рака.
12. Изградете ги вашите емоции
Пуштете ги вашите емоции како што се ентузијазмот и возбудата природно да се развијат во текот на разговорот.
Правило е да го започнете разговорот оптимистички и опуштено. Како ќе ја започнете темата, така постепено ќе станувате се повозбудени и по пристрасни за она што го зборувате. На тој начин лицето нема да почувствува дека вие „работите“ на него, напротив ќе има чувство дека му правите услуга. Веројатно мислите дека е многу тешко да ја поседувате таа способност.
Има многу книги кои пишуваат за тоа и тврдат дека кај нив се клучевит

Пронајдете не на следниве мрежи: