Фото: Не е само Крим: Ова се сите области кои Русија би можела да ги припои

Етнички Руси има во сите републики од поранешниот Советски Сојуз, а во некои држави изнесуваат една третина од вкупното население. Не се сегде концентрирани територијално, но регионите каде се може по Крим да одлучат да го следат истиот пат. Русите во поранешниот Советски Сојуз одиграа слична демографска улога како Србите во поранешна Југославија, со сличен неуспешен исход. Токму како и Србите на Југот, Русите беа најбројната етничка група во СССР и исто како и Србите во Југославија, Русите живееле во сите негови републики.
Со Крим , која е во фокусот на целиот свет, чиј регионален парламент прогласи спојување со Руската Федерација и за 16 март одложи да се одржи веќе најавениот референдум кој ќе ја потврди оваа одлука ( барем така се надеваат неговите покренувачи ), би било добро да се позабавиме со руското малцинство кое е расфрлано низ цела Источна Европа и Централна Азија.

Крим, без оглед колку и да е специјален, далеку е од исклучок. Покрај тоа, во поранешните советски републики останаа “заробени ” дури 25 милиони етнички Руси!
Ќе почнеме од запад кон исток. Во Украина живеат над осум милиони, главно во источните региони на оваа голема земја. Нивната најголема концентрација е токму на спорниот полуостров, каде е седиштето на руската Црноморска флота.
Значителен број се наоѓаат во Белорусија (речиси 800.000 ), иако не се концентрирани негде посебно, но во балтичките републики кои се сега во Европска Унија и НАТО: вкупно 1.050.000 , каде постојат региони каде што се мнозинството. Во Естонија ги има 320.000, што ги прави 24 проценти од вкупното население, кои главно, живеат во главниот град Талин. Во Латвија има 557.119, што е 26,9 проценти од населението, во главниот град Рига претставуваат 42,3 проценти од жителите, а вториот по големина град Даугавпилис се мнозинство, бидејќи ги има 53,3 проценти. Значително помалку од нив во Литванија, каде ги има 176.913 или 5,8 проценти.

Во Молдавија, живеат 202.000, а најчесто живеат во меѓународно непризнатата Република Транснистрија, кои насилно се отцепила. Во Финска ги има 51.683.
Централна Азија, од друга страна, има огромен број на Руси, особено во Казахстан: во оваа земја приближно 4,5 милиони, што значи дека сочинуваат околу една третина од вкупното население. Интересно, ситуацијата од пред педесет години беше сосема поинаква, затоа што тогаш изнесуваа мнозинство, а етничките Казаси малцинство. Тие се особено концентрирани во северните области на земјата, како што може да се види и на картата погоре.

 
Сепак, тука приказната завршува. Голем број на Руси живеат во Узбекистан (1.600.000), Киргистан (604 000), Туркменистан (314.000), Азербејџан (144.000), Грузија и Таџикистан, каде што бројот е околу 68.000.
Целата оваа област, која пред сто години беше дел од руската империја и тогашниот Советски Сојуз, Русите инаку го нарекуваат „блиско странство“. Дали после Крим и уставните олеснувања за пристапување на другите земји или делови од земјите кон Руската Федерација, ќе станат во блиска или далечна иднина, нови руски „покраини“, останува да се види.
Нам ни останува само да се надеваме дека ќе сфаќаат дека ниедно парче земја не вреди колку плачот на доенчиња, тагата на мајките и разурнатите домови.Русите во поранешниот Советски Сојуз одиграа слична демографска улога како Србите во поранешна Југославија, со сличен неуспешен исход. Токму како и

Пронајдете не на следниве мрежи: