Ѓорчев раскажува за бракот, семејството и децата

Првиот впечаток за семејството Ѓорчеви е нивната беспрекорна организираност. Долгата временска минутажа за фотографирање и високата температура тој ден, не можеа да влијаат врз расположението на децата, кои се на возраст кога не може да се предвиди искрената реакција. Секое нивно негодување, за миг беше претворено во намсевка. Односот на Влатко и неговата сопуга Сузана, кон своите три деца Марта (4), Филип (2) и Никола (1), едноставно одушевува. Тие во секој миг точно знаат кој збор да им го кажат или со која играчка да им го скренат вниманието. Не се забележува нервоза, збунетост или немир. Меѓу нив владее компактибилност, која резултира со совршена смирувачка енергија, пишува додатокот на весникот „Дневник“, АНТЕНА во своето најново издание каде е објавено интервјуто со Влатко Ѓорчев и неговата сопруга. За Влатко Ѓорчев,  пратеник во Собранието, признава дека неговата сопруга го освоила од „прва“. Вели дека нема ништо поубаво кога имаш покрај себе имаш некој што ќе биде твоја сродна душа, свидетел на твоите среќни и тажни моменти. Затоа, бракот е вистинска одлука, а семејството и децата најголемата вредност.
* Убавата жена им се допаѓа на очите, а добрата на срцето. Првата е скапоценост, а втората ризница. Со што ве освои сопругата на првата средба?
– Ја забележав како изгледа, но тоа што ме задржа, заинтригира, беше добрината и благоста. Имаше содржина во неа. Не беше книга со празни страници. Мене ми е добра и за очите, и за срцето.
 * Што беше пресудно да се решите на брак? 
Двајцата почувствуавме дека „тоа е тоа“. Знаев дека можам да го поминам остатокот на животот со неа. Ја сакав и таа ме сакаше мене. Имавме слични погледни на животот, компатибилни карактери. Знаев и знам дека таа ќе биде најдобрата мајка за нашите деца. Знам дека никогаш нема да се разведеме, дека ќе бидеме заедно во добро или лошо, додека смртта не не’ раздели.
Сами  избираме како ќе ја искористиме слободата
* Една флоскула вели „ Ако сакаш да ја зачуваш  љубовта во бракот признавај кога грешиш, и замолчувај кога си во право. Како вие функционирате?
Имаме разбирање еден за друг. И двајцата се трудиме на другиот да му биде подобро. Од тоа дека Сузана ќе го направи кафето баш како што сакам јас, со повеќе шлаг и чоколадо, до тоа дека јас ќе ги соберам играчките на децата кои ги расфрлале во дневната соба или дека ќе го наместам креветот. И, човек не треба да биде возгордеан, да не сака каже извини. Не треба лутината и инаетот да надвладеат, туку разбирањето и љубовта.

 
* Колку бракот му дозволува слобода на поединецот?
Сите избираме како ќе ја искористиме слободата. Дали нашата слобода ќе ја искористиме за грев, за деструктивност, за погрешни избори. Тогаш резултатот не е слобода, туку се станува роб на пороците и погрешните избори. Таквата „слобода“ може да донесе несреќа, празнотија, бесцелност. Или, нашата слобода ќе значи избор на вистинските вредности, на креација, на создавање. Нема поголема работа од создавање на нов живот. Затоа, бракот е вистинска одлука. Семејството и децата се најголемата вредност. Тоа од срце го мислам.
 * Но, некои велат дека бракот е ограничување?
Не. Бракот е споделување. Нема ништо поубаво кога имаш со некого да го споделиш животот. Некој што ќе биде твоја сродна душа, свидетел на твоите среќни и тажни моменти. Кога се среќни моментите, убаво е да имаш некој покрај себе. Кога е тешко, полесно е со брачниот другар. И уште нешто. Кога си млад, кога имаш 17 или 19 години, биди млад. Но, кога имаш 35 или 40 години, не можеш да се однесуваш како да имаш 19. Не си фраер ако на средни години се однесуваш како тинејџер. На 35 или 40 години треба се грижиш за жена ти, да се жртвуваш околу децата, да се трудиш околу домот.
Двајцата сакавме да имаме многу деца
  * Поборник сте за многудетно семјствово. Дали ова размислување го делеше и вашата сопруга пред да стапите во брак?
Да. Двајцата сакавме да имаме многу деца. Сето ова еден ден ќе заврши. И метежот, и трчањата, и обврските, и младоста, и статусот, и животот. Здравје Боже, ќе дојде денот кога ќе имаме 70 или 80 години. Што ќе остане зад нас? Кој ќе биде околу нас? Затоа, одлуката за дете и деца е најубавата одлука што може да се донесе. Сакам кога ќе остариме, да се собираме на Бадник или на Св. Никола, а на масата да има многу наши деца, внуци, снаи, зетови… Масата и куќата да биде полна со внучиња и љубов.
 * Доброто воспитување е најголемото богатство што им го оставаме на децата. На кои вредности го ставате акцентот?
Да бидат добри луѓе. Да го сакаат Господ и да ги негуваат вистинските вредности. Да бидат следбеници на Исус Христос, да ги следат неговите поуки. Многу одговори ќе треба самите да ги најдат во текот на нивното растење и во текот на нивниот живот, но за нас ова се основите. Да се биде родител е најважната улога што ја имаме во животот. Воспитувањето кое сега го добиваат ќе биде со нив во текот на целиот нивен живот.
 *  Во кое од децата  најмногу се препознавате себеси?
Не знам, не можам да издвојам. Секое од трите деца си има свој карактер, своја личност, своја неповторливост. И Марта, и Филип, и Никола се делчиња од еден совршен мозаик во кој ништо не би менувал. Секој од нив има своја патека, своја судбина и своја причина зошто се на овој свет.
Следните години планираме принова  

* Успевате ли стресовите и проблемите на работното место да ги оставите пред вратата од домот, и целосно да уживате со најблиските?
И да, и не. Се трудам да бидам посветен дома. Но, обврските и работата се дел од мојот и нашиот живот. Многу често останувам подолго на работа. Имаме работни и партиски активности во викендите. Телефонот ѕвони секој ден. СМС пораките доаѓаат и преку ден, и навечер. Е-маилите исто така. Луѓето имаат прашање, сугестија или барање за помош кога си во супермаркет или во парк со семејството. Но, тоа е дел работата. Се’ се може кога се сака. 
* Кога планирате да го проширите семејството?
Следните 1 или 2 години. И сопругата, и јас би сакале повторно да станеме родители, наште деца повторно да добијат братче или сестричка. Не постои мајка или татко на светот што зажалиле што се родило некое дете. Бебето е најголем дар од Господ, а да се биде родител е најголемиот благослов.
* Животот- тоа не се денови што поминале, туку што сме ги запомниле. Кој од таквите семејни мигови би ги издвоиле?
Моментот кога ја побарав Сузана за жена. Кога ми го даде прстенот на нејзината баба да го ставам на нејзината рака. Солзата која ми дојде кога прв пат ја здогледав ќерката Марта. Моментот кога дознав дека го очекуваме второто дете, Филип. Моментот кога го донесовме дома Никола. Моментите кога децата ми мафтаат кога одам на работа или кога трчаат кон вратата кога доаѓам дома. Моментите кога одиме во кино со Сузана или кога заедно ги гледаме децата додека спијат.
Се сакаме и се почитуваме
* Верувате ли дека саканата жена никогаш не може да остаре?
– Не знам, уште сме млади.  Знам дека се сакаме и почитуваме еден со друг. Стареењето е нормално, предвидливо, очекувано. Сакам да остариме заедно, да го поминеме животот.
Господ сака да бидеме подобри сопружници и родители
 * Бог е во срцата на тие што го бараат. Какви се вашите размислувања?
Така е. Господ сака да допре до секого, во секое срце. Господ сака да бидеме подобри сопружници, подобри родители, подобри пријатели, соседи… Господ сака да бидеме подобри луѓе, а барајќи го него, ги наоѓаме и одговорите.
Интервјуто е објавено во АНТЕНАЗа Влатко Ѓорчев,  пратеник во Собранието, признава дека неговата сопруга го освоила од „прва“. Вели дека нема ништо поубаво кога

Пронајдете не на следниве мрежи: