Граѓаните од Делчевo му порачаа на СДСМ: НЕ за двојазичноста!

Граѓани на Делчево очигледно револтирани од најавените проекти на СДСМ за двојазичност на целата територија на Македонија утринава на влезот на градот поставија транспарент со натпис „Социјал-демократски сојуз за АЛБАНИЗАЦИЈА – Делчево НЕ сака двојазичност!!!“, решавајќи на сликовит начин да ја поздрават најавената посета на Дамјан Манчевски од СДСМ во овој град и да му посакаат топло добредојде.Делчевчани, како и жителите на другите градови од Македонија, се против најавената двојазичноста на целата територија на Република Македонија, проект кој што го најави претседателот на СДСМ Зоран Заев доколку опозицијата дојде на власт, во рамките на големиот план на СДСМ да се отвори кон албанскиот електорат и да ги исполнува неговите желби само за да ја освои власта по секоја цена.
„Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата? “, изјави Заев додавајќи дека  планира СДСМ да стане најголемата албанска партија во Македонија.

Населените места како Делчево се очигледно загрижени од ваквите најави и планови на Зоран Заев и останатите функционери во СДСМ кои свесно одат против волјата на македонците, поткопувајки го унитарниот карактер на Република Македонија.Делчевчани, како и жителите на другите градови од Македонија, се против најавената двојазичноста на целата територија на Република Македонија, прое

Пронајдете не на следниве мрежи: