Иако веќе долго присутна, за сиентологијата и понатаму малку се знае. Ги занесе холивудските ѕвезди, но сите тајни ќе бидат откриени…Фестивалот на независен филм Санденс традиционално ги носи некои од најдобрите филмски остварувања во играниот, документарениот и краткометражниот филм.
Меѓу контроверзните филмови ќе се најде и оној за сиентологијата – „Going Clear: Scientology and the Prison of Belief“ (Ослободување: Сиентологија и затвор на верата). Филмот на режисерот Алекс Гибни би требало да се припреми за реакцијата на Сиентолошката црква, позната по тоа што не сака кога некој истражува за нивните дела или животот на нивниот оснивач Л. Рон Хубард, пишува Вараети. Филмот се темели на истоимената книга на Лоренс Рајт, која говори за наводно физичко казнување на членовите на црквата.
Гибни вчера за прв пат јавно проговори за некои детали од филмот кои до сега ХБО хи држеше во строга тајност за припадниците на сиентолошката црква да не се обидат да го сопрат филмот за некои негови делови. Открил и дека филмот се фокусирал на некои ѕвезди како Том Круз и Џон Траволта, а во документарецот се нагласува како и двајцата сеуште се членови и покрај бројните сведоштва за злоставување и присилна работа во црквата.
Поранешната членка Спенки Тејлор, која работела во Селебрити центарот во Лос Анџелес со Траволта раскажала за тоа како црквата ја казнила кога нејзините шефови станале незадоволни од неа – и го одземале нејзиното 10 месечно бебе и ја затвориле со уште триесетина деца во мал стан со колевки од ѕид до ѕид.Сегашното водство на црквата, како и нивните ѕвездени членови, одбиле да се појават во документарниот филм. Сиентолошката црква пред неколку дена објавила оглас на цела страна во Лос Анџелес Тајмс во кој однапред го осудува филмот.Фестивалот на независен филм Санденс традиционално ги носи некои од најдобрите филмски остварувања во играниот, документарениот и краткометраж