Идеален за во зимските денови: вкусен колач со тиква

Брзо и вкусно Состојки:

4 јајца
450 гр. тиква
350 гр. шеќер
200 мл. масло
420 гр. брашно
2 лажички прашок за пециво
2 лажички цимет
1 лажичка сол

Прелив:

200 гр. крем сирење
100 гр. маргарин
400 гр. шеќер во прав
1 лажичка ванила

Приготвување:
Исчистете ја тиквата од семките и кората и сварете ја во ренџере со вода на среден оган, околу 30 минути, додека да омекне.Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, маслото и исецканата сварена тиква. Додадете ги една по едн алажица брашното, циметот и прашокот за пециво и продолжете со матење.Истурете го тестото во тавче обложено со хартија за печење и печете го во загреана рерна 30 минути. Оставете го колачот да се излади пред да го исечете на коцки.Изматете ги кремсирењето и маргаринот додека да добиете кремаста смеса. Додадете го шеќерот и ванилата и матете додека да се изедначи смесата.Намачкајте ги колачите од тиква со приготвениот прелив и послужете ги. Состојки:

4 јајца
450 гр. тиква
350 гр. шеќер
200 мл. масло
420 гр. брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: