Изгорев жив: Во експлозија на Дино му настрадало целото тело

Дино Салатовиќ во 2009 година настрадал во експлозија со бензин. Докторите тогаш му давале само 14 проценти шанса да преживее. Иако е полн со лузни, не му недостасува самодоверба…Ужасни маки, болка, операции, месеци на закрепнување во болница, бактерии кои го напаѓале и психичка борба со самиот себе си поради својот нарушен изглед Дино Салатовиќ (19) храбро издржал и преживеал.  
Зад себе има повеќе од 100 операции за пресадување на кожа. Секоја година по 4 пати мора да оди во болница на третмани со ласер, а го чекаат уште четири- пет години пеглање на белезите. Иако погледот во огледало се уште го потсетува на сите ужаси кои ги преживеал, Дино живее живот без комплекси на помала вредност.
„Тој е најстар од 4-те деца. Секогаш ми помагаше низ дома, па така и тој ден го пратив да ја наложи печката на дрва од централното греење. И претходно го правел тоа. Од некоја причина во отворената врата уфрлил канистер со гориво“, се присетува мајката Зденка.

„Се слушна експлозија и одеднаш неговото врескање. Истрчав и го видов како стои во дворот цел во пламен. Не знам како се снајдов и го фрлив на земја. Го валкав. Ја соблеков од него сета изгорена облека и го замотав во мокра крпа. Го ставив во автомобил и се упативме во болница. Цело време беше присебен. Прво беше во шок, а потоа почна да се моли“.
Дино следните 11 месеци ги поминал во болница.
„Син ми беше месец дена во индуцирана кома. Докторот веднаш му ја симна изгорената кожа, до месо, и Дино постојано беше замотан во вештачка кожа за организамот да не му дехидрира. Истовремено одгледаа негов вид на кожа и почнаа дел по дел да му ја пресадуваат. Следуваше процес на пресадување, операции рани, преврски, болки… Иако му беше тешко, некогаш и плачеше и врескаше од болка, главно беше оптимистичен и ведар“, вели Зденка.
Во болница Дино не се одвојувал од слушалките од кои постојано трештел Томсон.
„Неговите песни ми даваа сила“, вели денес Дино, кој би сакал да го запознае својот идол.

 
Паднал во депресија
Дино во процесот на закрепнување ги имал сите можни бактерии. Добил МРС, сепса, златен стафилокок, шест месеци постојано имал висока температура, девет месеци лежел само на страна, примал силни лекарства. Иако позитивен, поради долгиот престој во болница и сознанието дека никогаш нема да изгледа како порано, Дино во еден момент станал затворен, паднал во депресија.
„Одевме кај психолози кои многу му помогнаa и многу брзо Дино стана оној стариот. Иако постојано одеше на нови операции бидејќи, како што растеше, така кожата го затегаше па беше потребно да се додаваат нови делови, добро се носеше со тоа“.

Не се срами од лузните
Teлото на Дино денес е полно со лузни. На некои места кожата му е престегната, сјајна, на места без пигмент. Најмногу му страдале градите, нозете и лицето. На тие места никаде не ја чувствува кожата, а некаде е пречувствителен и не сака кога го допираат. Својата „втора“ кожа мора секој ден да ја мачка бидејќи таа нема своја влажност па брзо се суши и пука, па се создаваат рани.
„Дури и не се потам како сите други бидејќи само природната кожа ми се поти. Но добро е што не морам да се бричам бидејќи не ми растат влакна“, смешкајќи се вели Дино кој станал 100 постотен инвалид.
Пријателите биле покрај него постојано, поради што сега пред нив нема никаков срам. Дино носи и кратки шорцеви и кратки маички. Се фотографира и објавува свои фотографии на Фејсбук.
Свесен е дека цел живот ќе има лузни, но и дека му претстојат пет години исполнети со ласерски третмани.Ужасни маки, болка, операции, месеци на закрепнување во болница, бактерии кои го напаѓале и психичка борба со самиот себе си поради својот на

Пронајдете не на следниве мрежи: