Како до поуспешна работа?!

Овие десет едноставни совети ќе ви ја подобрат работната концентрација и ќе ви овозможат побрзо да ги извршувате задачите.
1. Запишете го дневниот распоред. Со листа на обврски невозможно е да заборавите задача.
2. Филтрирајте ги мејловите. Научете да ги отфрлате неважните мејлови, не само спамот. Поставете приоритети што ви е битно да прочитате додека работите.
3. Не ги проверувајте личните мејлови наутро. Фино е да се губи време читајќи вицеви, интересни написи и да се гледаат видеа што ви ги пратиле пријателите, се додека не сфатите дека сте загубиле цел час. Направете го тоа за време на паузата. Тоа ќе ве релаксира. Тогаш можете и да одговорите на некоја лична порака.
4. Игнорирајте социјални мрежи, сајтови со вицеви, спортски вести, блогови и слично. Само ќе ви загубат драгоцено време. Во многу фирми, ИТ сервисите забрануваат пристап до таквите страници ако се забележи дека губите премногу време на нив.
5. Ограничете го времето што го минуватe во лични телефонски повици на работа. Кажете му на пријателот како сте си поминале вчера откако ќе си дојдете дома.
6. Чувајте шише вода на бирото. Ако станувате секој половина час има шанси да се впуштите во долги дискусии со колегите.
7. Испланирајте кратки паузи за муабет. Само тогаш дискутирајте, прашувајте или смејте се со колегите, инаку би можеле да го поминете целиот ден без ништо да завршите.
8. Слушајте музика на слушалки. На овој начин ќе бидете имуни на работната бучава околу вас и на неважните разговори на колегите. Најдобро е да не слушате песни со премногу текст, одберете џез или релаксирачка музика.
9. Затворете ги програмите што не ги користите. Тие јадат премногу РАМ меморија што го забавува вашиот компјутер.
10. Доколку немате итна задача, посветете по еден час на неколку постари и недовршени задачи. На овој начин ќе ги намалите шансите да ви стане здодевно.Овие десет едноставни совети ќе ви ја подобрат работната концентрација и ќе ви овозможат побрзо да ги извршувате задач

Пронајдете не на следниве мрежи: