Кире Наумов повторно се обидува да ја лаже и манипулира јавноста

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на Кире Наумов… 
Тврдењата на Кире Наумов за трговската размена не држат вода, ако се земе предвид декa во 2015 година извозот е за 2 милијарди и 407 милиони евра поголем во однос на 2005 година или за цели 146,4%.
Структурата на извозот е значително сменета. Ако порано најмногу се извезувале суровини, сега се извезуваат машини и транспортни уреди.
Ако покриеноста на увозот со извозот во 2005 година изнесувала 63 отсто, во 2015 година таа е подобрена и изнесува 70 отсто.
Заклучокот е дека има подобрување во сите параметри. Денес во Македонија се произведуваат автобуси за Google, Disney и Facebook, делови за автомобили како Бентли, Порше, BMW. Само од ТИРЗ минатата година имаше извоз од 1,5 милијарди евра, кој оваа година сигурно ќе се натфрли.
Ова се реалните параметри кои дополнителниот заменски министер Кире Наумов намерно ги игнорира за да може да продолжи како и досега со неговите обиди да ја замајува јавноста.
Ваквите манипулации на Наумов ќе завршат наскоро, на 5-ти јуни кога државата ќе продолжат да ја водат оние кои работат, а не оние кои континуирано се обидуваат единствено да го лажат народот со нивните конструкции од фабриките за афери.
  
Тврдењата на Кире Наумов за трговската размена не држат вода, ако се земе предвид декa во 2015 година извозот е за 2 милијарди

Пронајдете не на следниве мрежи: