КОГА ЕДНАШ ЌЕ ГО ПРОБАТЕ, СЕКОГАШ ЌЕ ГО ПРАВИТЕ: Брз какао колач!

Наједноставен и најдобар какао колач кој ќе го јадете со сласт.Потребни состојки:
2 шолји јогурт
2,5 шолји брашно
1 шолја шеќер
половина шолја зејтин
2 лажици какао
2 лажички сода бикарбона
За прелив:
100 гр маргарин,
10 лажици млеко
10 лажици шеќер
2 лажици какао
Подготовка:

 
Во чинија помешајте ги брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбона, па додадете хо јогуртот о зејтинот. Матете со миксер неколку минути за сето ова добро да се соедини. Претурете во претходно намастен сад и печете во рерна на 200 степени целзиусови дваесетина минути. Кога колачот ќе се испече оставете го настрана да се излади, а за тоа време подгответе го преливот.
Во тенџере помешајте го какаото и шеќерот, па додадете го млекото и маргаринот и ставете на жешка рингла. Мешајте без престан додека маргаринот не се стопи и додека сите состојки не се соединат. Кој сака, може преливот да го направи и на пареа.
Кога колачот сосема ќе се излади, исечете го на коцки, прелијте и оставете го фино да се натопи. Добро е да го оставите во фрижидер некое време пред послужување.
Добар апетит.
* Најдобри рецепти, совети за здрава храна, совети за здрав живот, диети, здрави напитоци и сл., можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКПотребни состојки:
2 шолји јогурт
2,5 шолји брашно
1 шолја шеќер
половина шолја зејтин
2 л

Пронајдете не на следниве мрежи: