Бакарната скулптура која се наоѓа пред седиштето на Центраната Известувачка Агенција (ЦИА) во Ленглија, веќе 24 години крие порака а нејзиниот создавач сега понудил нова трага за решавање на нејзината мистерија , пренесува „ Wired“.Џим Санборн во 1989 година кога бил срушен Берлинскиот ѕид работел на криптографската слагалица- скулптурата наречена Криптос, направена од бакар, дрво и гранит.
Во чест на 25 годишнината на падот на Берлинскиот ѕид, Санброн решил да открие еден детал кој веќе со години ги мачи криптографите и љубителите на мозгалиците.
Криптос содржи четири пораки а првите три се дешифрирани во 1993 година. Четвртата порака останала неоткриена.
Санборн во 2010 година ја понудил првата трага за решавање на четвртата порака кога рекол дека делот од 64 до 69 букви означувајќи го зборот „Берлин“. Тој сега открил дека следните пет букви од 70 до 74 кои гласат „МЗФПК“ означувајќи го зборот „Часовник“.
Запрашан дали таа порака се однесува на прочуениот „Берлински часовник“ кој и сам ја претставува врстата на слагалицата, Санборн рекол…
„Подобро би било да не се задлабочите во тој часовник“.
„Берлинскиот часовник“ ја смислил Diter bininger а се состои од црвени и жолти лампи.
Меѓутоа, како што наведува „Wired“ Санборн можеби сака трагачите на оваа вистина да ги сврти на погрешен пат.
Наместо на „Берлинскиот часовник“ можеби станува збор за часовник во однос на методот со кој е разбиена шифрата на прочуената машина од Втората светска војна „Енигма“.
„Wired“ пишува дека можеби не е случајност што Санборн ја открил трагата во текот на премиерата на филмот „ Игра на имитацијата“ кој зборува за Алан Тјуринг кој ја дешифрирал Енигмата. Џим Санборн во 1989 година кога бил срушен Берлинскиот ѕид работел на криптографската слагалица- скулптурата наречена Криптос, направена од бакар,
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.