Велат, Мирка објавила два-три одлични текста во последните пет-шест дена? Таа секогаш има одлични текстови. А и Бобан објавил два ФБ статуса во неделата зад нас. Тој е секогаш екстра “бриселски“ информиран, пишува новинарот Миленко Неделковски на порталот Дудинка.-И двајцата со нас ги споделиле своите сознанија добиени од нивни извори. Кои се тие извори ќе остане нивна професионална тајна. Важно е дека податоците напишани им се валидни и вредни да се знаат. Јас лично им благдарам што тие го споделија тоа што го знаат со нас кои неможеме да дојдеме до такви детални информации. Македонскиот народ заслужува да ја знае вистината. Во случајов вистината за сегашноста. Е, сеа… Вистината презентирана од Мирка и Бобан била тешка, трауматична за читање, депресивна, катастрофична!!! Да, таква е. Ама е вистина. Мирка и Бобан, и уште еден-двајца (се ставам нескромно и јас на тој список) не постоиме во журналистиката за да ја пишуваме убавата слика. За тоа постојат други журналисти. Ние сме тука за вистинската слика. Колку и да е ружна, опасна, непопуларна… Ситуацијата во Македонија била тешка?! Па да, тешка е. Исклучиво тешка. Била ситуацијата опасна?! Ма сигурно, опасна е до зла Бога. Судбината на Македонија и Македонецот виси на конец. Да, и тоа е ептен точно, пишува Неделковски.
Според Неделковски, ова што го напишаа Мирка и Бобан го растревожи народот и објаснува дека таква вистина растревожува, вознемирува, плаши, ствара дури и паника.
Текстот на Миленко Неделковски, прочитајте го во продолжение:
-Во Македонија работата во моментов била многу тешка и времето било ептен опасно!!! Точно е тоа. Но, да ве прашам јас сите ВАС. Да ве праша Батко Миленко. КОГА ТОА НА МАКЕДОНИЈА НЕ И БИЛО ТЕШКО??? Кога тоа не било опасно да се живее во Македонија и да се биде горд Македонец? Кога тоа во Македонија било лесно, релаксирано, неопасно, растеретено??? Кога бе та било лесно на ова парче земја натопено со крв, солзи и пот??? Кога, а? Кога тоа на ова парче земја немало створови од маштапот на Милчин, Геро, Орданоски??? Кога? Дали било лесно пред два-и-пол милениума кога по смртта на Александар почнало да се крчми и распаѓа неговото царство? Дали било лесно кога Римската империја пратила орди од варвари да заколат се што има умна и писмена глава, да срушат се што е објект што означува традиција, континуитет, култура, образование, наука??? Дали, можеби, било лесно кога се испозаклале војските на двете Македонски кралски фамилии на Беласица. Кога удрил брат на брат. Василие на Самуил, и обратно? Тогаш ли било полесно со непрегледната редица ослепени луѓе?
Дали било полесно под турскиот јарем? Лесно ли било со данок во крв, со обесчестување на македонските девици убави моми од турску силеџии? Дали било лесно кога црквата не смеела да биде повисоко од џамијата?
Да ве прашам. Полесно ли им било на оние јунаци на Ножот и на оние на Мечкин Камен. Полесно ли му било на народот Македонски кога го обесиле Турунџе или кога го обезглавиле Чакаларов. Кога го убиле Делчев, кога го атентатирале Александров или убиле Сандански? Тогаш ли било полесно, а???
Или можеби полесно ни било кога Страхил Гигов го нарачал убиството на Кочо Рацин? Или кога е убиен Кузман Јосифовски Питу? Или било полесно кога партизанката Мара Минанова ја нарачува ужасната ликвидација на струмичките студенти? Тогаш ли било полесно од сега што е? Полесно ли беше кога беа стрелани офицерите на скопското Кале што сакаа да одат на Солун, а не на Трст?
Или не било тешко и опасно кога Лазар Мојсов и Коле Чашуле го осудиле без докази Ченто. Кога Панко бил пратен на Голи Оток за гроб да не му се знае? Тогаш ли било полесно?
Полесно ли беше кога во хрватско-српскиот воен дуел прва жртва беше Сашко Гешовски? Кога беше апсен и осуден на смрт Адмиралот Боцинов? Тогаш ли беше полесно. Или кога ги гледавме мртвите и изгорени тела на нашите војници и полицајци што загинаа во заседи откако беа предадени од Бучковски и Трајковски?! Полесно ли беше за време на масакрите во Вејце, Карпалак, Љуботенски бачила? Тогаш ли беше полесно од денеска?
Полесно ли беше кога гледавме како тројцата национални предавници Борис Трајковски, Љупчо Георгиевски и Бранко Црвековски потпишуваат капитулација пред група албански терористи и шака странски рекетари во Охрид?
Полесно ли беше да гледаме како Хари Костов го убива Диме Поштарот? Или да ги гледаме мртвите тела на егзекутраните тинејџери на Смилковско Езеро?
Тогаш ли беше полесно, па сега што е толку тешко, лошо, опасно, непремостливо???
На Македонија и на Македонецот НИКОГШ не му било лесно. Ние сме како Христос. Народ предодреден да страда, да се мачи – но да издржи и да им го покаже патот на сите верници и невернци.
Македонскиот народ не успеал никој да го скрши. Немал држава безмалку два-и-пол века. Црквата со столетија сите ни ја черечеле. Јазикот ни го присвојувале. Историските ликови и настани ни ги киднапираат. Македонскиот народ и без држава, и без граница, и без свој школски систем, и без свои свештени лица, и без кодиран јазик, и без обележена територија СЕКОГАШ ПРЕЖИВУВАЛ и го надживувал непријателот. И, Македонскиот народ никогаш не погрешил. Не се потурчил, не се побугарил, не се посрбил, не се покатоличил, не влегол во фашистичката алијанса…
Да, денеска е тешко. Да во последнава година-и-пол е ептен тешко. Но, било и потешко и понеизвесно и поопасно.
Кога е тешко се познаваат мажите. Мислам на мажи мажи, но и на жени со три рала муда.
Лесно е да се кажеш дека си горд Македонец кога е ситуацијата мирна. Лесно е да се декларираш дека си ВМРО кога сите станаа ВМРО. Најсилно е што сите што ќе пријдат да се декларираат дека се ВМРО по правило се и “оснвачи“ на ВМРО од таму од каде што доаѓаат!!! Лесно е да си ВМРО за да се вработиш. Лесно беше да си Македонец и патриот кога немаше турбуленции.
Е, ама сега се познаваат мажите. Сега кога “дупе гаче жваче“, сега кога “срце хоче, али дупе клокоче“ се гледа кој е кој. Сега се гледа кој е Македонец, христијанин, ВМРО, патриот, домољуб, антифашист…
Сега кога дивите фашистички орди на Канвас и Сорос рушат низ Македонија, сега кога правокатори на секој чекор сакаат да направат инцидент, сега се гледа кој е кој во државата, маалото, на работното место, институцијата, приватниот бизнис…
Сега се гледа и кој е кој во новинарството. Но и во политиката, дипломатијата…
На Македонија и е тешко. Ја измачуваат сонародници што се на странски платни списоци, странци што си тераат агенди на своите земји и корпорации…
Единствената политичка и лидерска сила во Македонија е ВМРО со Никола Груевски. Друга нема ниту на повидок. И тоа народот, без разлика дали е некој ВМРО или не, го чуствува и знае.
Секој народ бара да има лидерство. Особено во тешки времиња. Тоа им треба и на големите и на малите. Черчил или Де Гол, Жуков или Сталин, Рузвелт или Ајзенхауер, Гоце или Даме….
Нашето лидерство, велам на повидок нема ниту едно друго, ја избрало оваа маченичка тактика. Тактика на трпение спасение, тактика на христијанска помирливост…
Кај нас е ситуацијата „исток не отпишал, запад не не запишуе“. Западот не измачува, истокот не не погледнува.
Сходно на тоа е и тактиката која е на сцена.
Народот Македонски, овој сегашниов современиов, ги покажува сите атрибути на своите предци. Пред се издржливост.
Податокот дека „шарените“ со сите врескања и вреки пари не успеваат да соберат ниту човек повеќе од нивните постојани две-три илјади луѓе…, податокот дека разликата во мерењето на довербата е зацементирани 3:1 во дуелот Груевски -Заев и 2:1 во битката ВМРО – СДСМ… – покажува дека овој народ е мудар и доследен на својата традиција.
Тешко е, ДА. Ама имало и потешко. Се издржало толку пати – ќе се издржи и сега.
Сите се нервираме оти е оставена улицата на хулиганите. Сите сме разочарани што канвасовци не се протерани од државава. Сите сакаме брзо решение…
Да сите сакаме брзо решение. Ама такво нешто не постои. Македонија чекала 2350 години за повтроно да има незавосна држава. Чекала 5 века за да им го види грбот на турците. Чекала 60 години за да ги порази џелатите на Ченто и Панко.
Македонија виде кој во оваа држава работел и создавал, а кој руши. Да потсетам дека сите оние актери, режисери или пензионери што ги слушаат српските наредби “ајде звиждите јаче“, во знак на протест не се откажаа од своите повеќе од 100-настотно зголемени примања, бесплатни превози и други бенефиции. Еве Перо Аровски во знак на ревлт нека се откаже од својата пензија. Или нека рече дека го сака за себе само износот од времето кога СДСМ имаше влада. Ирена Ристиќ нека даде отказ од работа. Режисерите нека не бараат пари од Министерството за култура…
Ама не, ние тоа нема да го видиме. И тоа покажува дека “револтот“ на тие неуспешни фигури е заради тоа што нивната опција не можела и не знаела да го направи ова што го направи Груевски и ВМРО во последните 10 години.
Кога Перо Арсовски, Милчин, Унковски го гледаат Министерството се гледааат себе си колку биле неуспешни. Кога Калајџиев гаѓа со камења, се гледа себе си и совојата политичка опција колку биле неспособни.
Нивната неспосопбност сакаат да ја направат дека е наша вина. Таа нивна фрустрација ја користат странските дипломати задолжени на Балканот да нема мир.
Да, тешки времиња се. Да јавно и задкулисно се бие голема битка. Две битки всушност. За името и за федерализација.
И ДА, затоа ни треба единство, сплотеност и доверба во потезите, колку и да не се популарни, што се влечат.
Македонија и Македонецот ќе преживее и ќе продолжи да битисува на оваа планета. Дали тоа ќе го види Миленко за својот живот, или било кој од нас во ова време, од историска гледна точка е небитно. Битна е Македонија.
Гемиџиите порачале: “Се арчиме за Македонија“. Сега, драги мои современици дојде ред ние да се арчиме за Македонија.
Сега ќе се види кој е Македонец. Сега ќе се види кој се арчи за ова свето име.
Македонија има Лидер што е заговорник на стратегијата на америкаснките маринци “No Man Left Behind“. Тоа неговото бреме како лидер го прави уште потешко.
Задачата на секој од нас што си ја сака државата е на тој човек да му помогнеме. Со своето делување, однесување, постапки…
Тешко време е, ДА. За тешко време треба три рала муда, ДА.
Е да видиме кој ги има?-И двајцата со нас ги споделиле своите сознанија добиени од нивни извори. Кои се тие извори ќе остане нивна професионална тајна. Важно е дека подат