Шпекулациите околу тоа дали постои живот на Марс, ги подгреа една фотографија која ја објави НАСА, а која им оди во прилог на тврдењата на теоретичарите на заговор кои тврдат дека не сме сами во универзумот.На фотографијата се гледа нешто што наликува на човечка фигура како го мести роботот „Кјуриосити“, кој врши истражувања на Марс, а сенката која се наоѓа покрај роботот има човечки облик.
Судејќи според фотографијата, станува збор за машка фигура, која има костум, не носи кацига и се гледа дека има кратка коса, а на грбот има боца со кислород.
Покрај оние кои тврдат дека ова може да биде доказ дека постои живот надвор од Земјата, други се убедени дека „Кјуриосити“ веројатно се наоѓа на Земјата и дека фотографијата е снимена додека се чистел роботот.
-Ова го потврдува фактот дека разни нешта демнат од сенките и си играат со нашата фантазија, рече Најџел Вотсон, автор на прирачници за НЛО и истраги поврзани со нив.
Да потсетиме, врз основа на собраните податоци на „Кјуриосити“, научниците во декември потврдиле дека на Марс има метан, но дека неговата концентрација во атмосферата е променлива.
Присуството на метан на Марс, го покренува прашањето за постоењето на некогашни или сегашни прости облици на живот. Исто така, тој би можел и да биде производ од геолошки извори, од пад на комети или нешто сосема друго.На фотографијата се гледа нешто што наликува на човечка фигура како го мести роботот „Кјуриосити“, кој врши истражувања на Марс, а сенк