Кремаста компир салата која ги доведува хормоните и штитната жлезда во нормала

Хипотиреозата и хипертиреозата се најчести пореметувања на штитната жлезда, а двете ги искусила сертифицираниот тренер за холистичко здравје и основач на сајтот “Hormones Balance”, Магдалена Вселаки.Таа најпрвин заболела од Гравесова болест (автоимуно нарушување кое предизвикува хипертиреоза), а седум години подоцна ѝ била дијагностицирана Хашимотова болест (автоимуно пореметување кое предизвикува хипотиреоза). Пред шест години, таа открила дека има високо ниво на естроген во телото и тешки метали. 
Откако класичната медицина не успеала да ѝ помогне, Магдалена се свртела кон природната медицина и нејзините благодети.
Таа осмислила бројни рецепти кои пред сè помагаат во регулирање на бавната работа на штитната жлезда, а меѓу нив се наоѓа и оваа кремаста салата од компири која комбинира пробиотици и пребиотици.
Пробиотици се бактерии кои се здрави за нормалната функција на цревата и ги спречуваат штетните бактерии да предизвикуваат болести. Пребиотиците се хранливи материи кои бактериите ги употребуваат за раст и размножување, а тука спаѓаат прехранбените влакна и јаглехидратите кои не се разложуваат во горниот дел на цревото и стигнуваат до дебелото црево каде што се наоѓаат поголемиот број бактерии.

Како што вели Магдалена, оваа салата е богата со производи кои лекуваат. Пред сѐ, ладниот компир изобилува со отпорен скроб кој е пребиотик, односно храна за добрите бактерии. Отпорниот скроб им помага на добрите бактерии да се населат во цревата и да останат таму што е можно подолго. Понатаму, рецептот содржи производи богати со пробиотици, како што е киселата зелка. По желба, киселата зелка може да ја замените со лакто-ферментирани краставици, односно краставици кои не се ферментирани во оцет.
Времето за подготовка на оваа салата е 20 минути, а времето за готвење е 45 минути, што значи малку повеќе од еден час. Количината на салатата во овој рецепт е доволна за 8 до 10 порции.
Потребни состојки:
• 1 кг. црвени компири, исечени на четвртинки доколку се големи
• 1 лажица морска сол
• 4 парчиња сланина
• 100 гр. кисела зелка (што не е ферментирана во оцет), исечена
• 2 лажици сенф
• 30 грама млад кромид
• 100 грама мајонез
• 30 грама расол од кисела зелка или 2 лажици јаболков оцет
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.
2. Варете ги компирите со лушпа во солена вода 45 минути или додека не омекнат.
3. Ставете ја сланината во рерна и печете 45 минути или додека не добие убава кафеава боја.
4. Истурете ја водата во која се вареле компирите и оставете ги да се изладат.
5. Исечете го компирот на коцки со големина од еден центиметар.
6. Додајте ги сите останати состојки на компирите и промешајте.Таа најпрвин заболела од Гравесова болест (автоимуно нарушување кое предизвикува хипертиреоза), а седум години подоцна ѝ била дијагностицирана Хаши

Пронајдете не на следниве мрежи: