КРЕМЕНАДЛИ ВО РЕРНА: Меки, во фин сос, а се подготвуваат многу брзо!

Loading...

КРЕМЕНАДЛИ ВО РЕРНА: Меки, во фин сос, а се подготвуваат многу брзо!Состојки:
5 поголеми кременадли (околу 1 кг)
1 главица кромид
5 чешниња лук
1 говедска коцка за супа
половина литар врела вода
100 мл бело вино
од зачини сол, бибер, ловоров лист
масло
брашно
Подготовка:
На кременадлите отстранете им ги коските, измијте ги, исушете ги со кујнска крпа, исчукајте ги, посолете и ставете бибер. Потоа извалкајте ги во брашно и пржете ги на масло се додека не добијат убава румена боја. Кога ќе се испржат ставете ги во огноотпорен сад попрскан со масло. Преку кременадлите ставете неколку ловорови листови.
На истото масло на кое ги пржевте кременадлите, пропржете го кромидот, потоа додадете го ситно исецканиот лук и 3-4 лажици брашно. Во половина литар врела вода разматете ситно изронета коцка за супа и со тоа прелијте го кромидот, лукот и брашното, уште малку мешајте додека да се згусне и малку посолете.
Прелијте ги кременадлите со сосот од тавчето, сосема да бидат прекриени со сос, бидејќи тие течноста ќе ја впијат. Попрскајте ги со вино. Поклопете го огноотпорниот сад или покријте го со алуминиумска фолија и печете во рерна 45 минути на 180 С, потоа отворете и печете уште 10-тина минути откриено.
Со кременадлите може да сервирате пире компир, тестенини, ориз….или нормално салата по избор. 
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци и сл. може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук.Состојки:
5 поголеми кременадли (околу 1 кг)
1 главица кромид
5 чешниња лук
1 говедска коцка за су

loading...