Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

За да се организира четничко-востаничкото движење во Македонија на повисок степен, од Гремен, каде што се наоѓало седиштето на Привремената управа (Влада) на Македонија – „Единство“, потекнала идејата да се обединат четничко-востаничките сили. За таа цел делегација на Владата, што ја сочинувале војводата Леонид Вулгарис, претседателот Васил Симон и војводата Таки Влавот, тргнала кон Бугарија. 

Во Пловдив таа се сретнала со Васил Дијамандиев, претседател на Македонската лига, а на Пирин со главниот војвода на Воениот штаб, Иљо Малешевски. Договорот бил краток: треба да се крене општомакедонско востание! Бидејќи Гремен бил далеку од Пирин, двете страни се согласиле политичкото претставништво на Македонија да остане на Гремен, во рамките на Привремената влада, а военото на Пирин, во рамките на Главниот штаб на македонските војски.

Меѓутоа, овој договор не им одговарал, ниту на Бугарија, ниту на Грција. Солунскиот грчки митрополит ги известил турските власти за одењето на Вулгарис на Пирин. При враќањето војводата бил уапсен, заедно со другите членови на делегацијата. Бугарската влада, пак, го повикала Дијамандиев во Софија и го подложила на посебна полициска истрага. Притоа, владата ги затворила границите за востаничките сили на Пирин, а нешто слично сторила и Атина: дала наредба да се повлечат четите стационирани на Олимп. На тој начин четничкото движење во Македонија пак било разбиено.

Повеќе од сигурно е дека конституирањето на Македонија како автономна, па дури и во рамките на Османлиската империја, го поттикнува развојот на македонската национална мисла. Автономна Македонија – тоа значи победа на чувството кај Македонците за припадност на поширока општочовечка и територијална заедница, независно од другите политичко-административни единици на Балканот. 

„Изведувајќи реален однос на судбинска поврзаност на македонскиот народ и другите народности во Македонија, во идејата за автономна Македонија е содржана и нивната потреба од интегрираност, врз основа на се повеќе присутни и сфатени заеднички општествени, политички, економски и национални интереси. Врз оваа основа, во различни етапи на отпорот и заедништвото и врз овие сознанија, се развива идејата за заедничка борба на македонскиот народ и другите народности“, ќе заклучи проф. Александар Христов.

Продолжува на страна 11 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.