Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

Во април 1880 година, кај местото Гремен (Острово), се сретнале четите на поп Костадин Бувски и на Леонид Вулгарис. Разгледувајќи ја ситуацијата во Македонија, двајцата војводи констатирале дека за тоа што Македонија се уште е под турско иго најголема вина носат Грците, Бугарија и Србија. Според нивното мислење, „иднината на Македонија лежи во создавањето на самостојна македонска држава“.

Војводите заклучиле дека разнородноста на населението во Македонија е главна причина што не може да се постигне единствено мислење за кревање востание. Самообединувањето на народностите во Македонија може да доведе до општа и успешна борба против Османлиите.
На нивна иницијатива, од 1 мај до 2 јуни 1880 година, пак во Гремен, се собрале 32 делегата, претставници на македонскиот, влашкиот, српскиот и албанскиот народ (не биле повикани претставници на Турците). 

Ова Национално собрание, разгледувајќи ја платформата на Вулгарис и Бувски, донело заклучоци за мерките како да се постигне „националната цел на Македонците“. Тие, меѓу другото, најпрвин констатирале дека Македонија, која со векови страда од турскиот систем, нема начин по мирен пат да се ослободи од ропството, дека соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонија со своите верско-национални пропаганди и Македонците ги прават анонимни пред европското јавно мислење, дека покренувањето на актуелните причини е единствен начин Македонија да се ослободи од турското ропство.

Согледувајќи ја ситуацијата, Националното собрание констатирало дека турската власт не ги спроведува програмите на големите сили на Берлинскиот конгрес. Затоа, Националното собрание решило да и се стави на знаење на Високата порта дека македонскиот народ бара побрза примена на членот 23 од Договорот во Берлин. Собранието да се обрати до сите претставници на големите сили во Македонија, потписнички на Договорот, со молба да се заземат кај Портата за примена на членот 23 од Берлинскиот договор. Ако се случи се да остане по старо, Националното собрание ќе го повика македонскиот народ на оружје под паролата „Македонија на Македонците за воспоставување на древна Македонија!“. Националното собрание притоа во своите редови избрало Привремена влада на Македонија наречена „Единство“.

На 21 мај 1880 година, Привремената влада на Македонија – „Единство“ до генералниот серуски конзул во Солун, Н. Улјанов, испратила Протоколарно решение, во кое, покрај другите констатации, му го пренесува и мислењето дека на „меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставана сирак“, дека „единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација ѝ го дала Аристотел и Александар Велики, е лишена од секаква помош“, како и тоа дека, доколку Високата порта не стори ништо, „Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за Македонија, за воспоставување на древна Македонија!“. Под Протоколарното решение стои потписот на претседателот на Владата, Васил Симон, и на главниот командант на востаничките сили на Македонија, Крамонтов.

Речиси една година подоцна, на 23 март 1881 година, Привремената влада го испратила својот Манифест до сите дипломатски претставници. Во Манифестот, покрај другото, се вели: „Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со силен сјај, не може и нема никогаш да пропадне“.

Во Манифестот, еден прецизен патриотски и револуционерен документ, се изнесува мислењето оти „со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонците нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт!“.

Продолжува на страна 8 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.