Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

Обраќајќи се до Македонците со повикот „Вистински Македонци, верни деца на татковината!“, потписниците на Манифестот, претседателот Васил Симон (овде потпишан: Васил Чомо) и секретарот Никола Трајков, ќе извикаат:
„Направете се на знамето што ќе го кренеме да биде напишано: Единствена и Обединета Македонија!… Потоа, собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“.

И во Бугарија активна е македонската емиграција. Неа, во еден добар дел, ја сочинувале учесниците во Руско-турската војна, како и учесниците во Македонското востание. Тие и понатаму не се помирувале со ропството на македонскиот народ. Во Софија се здружиле околу 1.800 активни учесници во ослободителните војни против Турската империја. Нивната одлука се свела на тоа борбата да продолжи до конечното ослободување на Македонија.

Под лозунгот „Слобода за Македонија или смрт“, била формирана Бугарско-македонска лига, чие име подоцна е сведено само на Македонска лига. Лигата се изјаснила за политичко ослободување на Македонија и за создавање македонска држава. За да може да ја реализира оваа висока цел Лигата почнала да организира сопствена војска, како и да разработува сопствена стратегија за водење ослободителна војна на Македонците. 

Објавувајќи се како народен фронт за ослободување на Македонија, Лигата формирала Привремена управа на Македонија, со единствено политичко и воено раководство се до ослободувањето на Македонија и до создавањето македонска држава. На чело на Привремената управа стоел главен војвода, потоа тројца постари војводи и началник на главниот штаб. Воените единици броеле по 180 војници, на чело со војводи.

Привремената управа на Македонија, како највисоко законодавно тело, изработила Органски устав на Македонија, во кој бил разработен статусот на идната македонска држава. Уставот, кој имал 103 члена, бил сличен на Критскиот устав од 1868 година. Тој предвидувал политичка и културна автономија на Македонија. Според него, Македонија требало и понатаму да остане во вазален однос кон Турција и во Империјата би имала статус на федерална единица. На нејзино чело би бил генерален губернатор, а владата би била составена од 12 ресорни министри. Границите на идната македонска држава би се поклопиле со границите на трите македонски вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот (без Косово и Метохија). Седиштето на губернаторот и на владата би било во Солун.

Омеѓувавајќи ја територијата на идната македонска држава, Органскиот устав на Привремената управа на Македонија создал елементи, кои во борбата на македонскиот народ подолго време ќе играат важна улога во димензионирањето на ослободителните и државотворните настојувања на македонското ослободително движење.

Продолжува на страна 9 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.