Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

Во меѓувреме, Цариградската патријаршија, силно оружје на грчката влада, преку сите свои канали, организирала протести, декларации, писма и телеграми, против вклучувањето на Македонија во новата бугарска држава. Барањата, главно, се сведувале на тоа Македонија или да биде приклучена кон грчкото кралство или, во најмала рака, да остане во состав на веќе начнатата Турска империја. Нешто слично се случувало и во Белград. 

Разликите во границите од Сан Стефанскиот договор, и потоа од Берлинскиот конгрес.

Започнала акција ширум Србија, чија цел била организирање протести против вклучувањето на дел од Србија и Македонија во новото соседно кнежевство. Србија, сепак, одела малку понапред: ако не се вклучи Македонија во рамките на српската држава, тогаш таа треба да добие автономна управа со христијански губернатор.

И додека траела оваа потегни-повлечи ситуација околу Македонија, во мај месец во Белград допатувал Димитар Робев, дотогашен пратеник во турскиот парламент од Македонија. Тој ги осудил акциите на соседните земји да ја приграбат за себе македонската територија, притоа искажувајќи го мислењето дека најдобро решение е Македонија да остане независна и дека дури и самиот руски пратеник во Цариград, грофот Игнатиев, наводно, му рекол оти „Македонија не може да му припадне на ниеден од трите главни народи на Балканскиот Полуостров“.

Русија, осиромашена од војната, се согласила во Берлин да се организира конгрес на кој ќе се ревидира Санстефанскиот договор. Цел месец (од 13 јуни до 13 јули 1878 година) траело надмудрувањето во Берлин меѓу големите. Основните одлуки на Конгресот се свеле на тоа Македонија и понатаму да остане под турска власт, новоформираната бугарска држава да се протега од Дунав до Стара Планина, а јужно од неа автономната област Источна Румелија. Австро-Унгарија ја окупирала Босна и Херцеговина, а Црна Гора и Србија со проширени територии, сосема се ослободиле од турската власт.

Санстефанската фикција – Голема Бугарија, која никогаш не се реализирала, останувајќи мртво слово на хартија, иако живеела само три месеци, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.

Особено важен за Македонија е членот 23 од Берлинскиот договор. Според него: „Високата порта се обврзува на островот Крит грижливо да го применува Органскиот статут од 1868 година, внесувајќи промени што би биле оценети како оправдани. Аналогни статути приспособени кон месните потреби, освен што се однесува до ослободувањето од даноци што му е одобрено на Крит, ќе бидат еднакво воведени во другите делови на Европска Турција, за што во овој Договор, не е предвидено посебно уредување. 

Продолжува на страна 3 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.