Високата порта ќе задолжи специјални комисии, во кои месниот елемент ќе биде широко застапен, за да ги разработат деталите на новите статути за секоја провинција. Проектите за организација што ќе произлезат од работата на комисиите ќе се дадат на разгледување на Високата Порта, која, пред да ги донесе актите, ќе го побара мислењето на Европската комисија формирана за Источна Румелија“.
Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период – вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.
Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција.
Клучниот член предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската.
Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на императорската влада. Помошниците на мутасарафите – муслиманите, би биле христијани, а на христијаните – муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками.
Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско – односно муслиманско – население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.
Продолжува на страна 4 подолу:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.