Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својот национален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.

Оттогаш, па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. 

Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе и се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица.

Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како жетнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување.

Сето ова значи дека вака поставената автономна Македонија ги урна вештачките конструкции на Санстефанскиот договор, според кој таа беше вклучена во границите на новоформираната бугарска држава, со што сериозно беа загрозени и нејзиниот територијален интегритет и нејзината национална целост. Доколку недоносенчето од Сан Стефано заживееше, практично, Македонија не ќе добиеше ништо – еден господар би го заменила со друг, при што и во првиот и во вториот случај би останала под туѓинска власт.

Потписничките на Берлинскиот договор направија почетничка грешка, оставајќи ѝ на Големата порта, победена и доведена во инфериорна положба, сама да одлучи кога ќе ги формира меѓународните комисии, преку кои реформата на Империјата ќе почне да се реализира. Цариград тоа никогаш не го направи, со што беше елиминирана можноста Македонија да добие автономија, како што тоа го предвидуваше берлинскиот меѓународен акт.

Тоа, пак, не значи дека отпорот против поробувачот во Македонија, и духовен и вооружен, престанал во очекување големите сили да го решат македонското прашање. Кон крајот на 1878 година, Диме Чакре од Прилеп, доброволец во Руско-турската војна, со високо турско одликување за храброст, во Крушево, со тамошните првенци, го започнал договарањето за мерките против турските зулуми. 

Продолжува на страна 5 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.