Македонија и Берлинскиот конгрес 1878 година. Текст кој ќе ви разјасни многу од проблемите со кои се соочуваме и денеска

На крушевската средба присуствувале попот Христо и граѓаните Ицо Карев и Никола Ковачот. Било договорено заговорот да се прошири, да се собираат пари, оружје и калаузи, како и да се организираат нови борци. Мрежата брзо се проширила до Кичево, Прилеп, Охрид и Битола. Само крушевскиот заговорнички кружок броел 60-тина души. По поврзувањето на крушевскиот и охридскиот кружок во кој членувале и видни охридски граѓани, како Зафир Белев, Златан, братот на митрополитот Натанаил, Константин Робев, Костадин Нончев и други, договорено било да се побара конкретна помош од рускиот конзул Њага во Битола. 

Пролетта 1881 година, Турците од Битола ги откриле кружоците во Крушево и Охрид и, по масовните апсења, околу 700 души се нашле по затворите. Биле откриени и браќата Чакрески во Прилеп, кои, не предавајќи се, загинале во борбата со Турците. Новоформираниот суд во Битола имал полни раце работа. По широчината на организирањето, по бројот на луѓето што ги опфатил, заговорот бил на најдобар пат да прерасне во вистинска народна организација.

Ајдутството земало се поголем замав. Тоа бил најдиректниот одговор на обесправеното население. Во Велешко веќе дејствувала четата на војводата Иљо Малешевски, чии акции се протегале дури до Солунско, како и четата на поп Костадин Бувски. Ако треба да им се верува на некои странски извори, бројот на четниците во Македонија се движел околу 6.000 души. Дедо Иљо, како што по свое народот го викал Иља Малешевски, со четниците го нападнал Царево Село (денешно Делчево), каде што бил стациониран еден турски гарнизон, и го освоил. 

Во Серско, уште во првите месеци на 1878 година дејствувале неколку чети ајдути. Четатата на војводата Бувски, која броела околу 200 души, дејствувала на просторот околу Лерин, Костур и Воден. Во Битолскиот санџак активни биле четите на војводата Алексо Влаот, на Котула, четата на војводата Васил, која се движела по Костурско и Охридско и која броела околу 2.000 души! 

Од двете страни на реката Струма, покрај ајдутските чети, по селата биле формирани чети на отпорот, кои најавувале револуционерно движење со определена македонска политичка идеологија.

По Берлинскиот конгрес, поради зголемениот терор и постојаните апсења, емигрирањето од Македонија станало зачестена појава. Својата политичка и револуционерна активност некои од емигрантите ја продолжиле во странство, главно во Бугарија, Србија и Грција. Така, група Македонци во Белград, уште за време на Берлинскиот конгрес, на чело со Коста Шуменковиќ, барале од Одборот на Стара Србија и Македонија, што го раководел архимандритот Сава, да интервенира кај големите сили Македонија да добие автономија со гувернер – христијанин, тврдејќи дека Македонците се посебен словенски народ на Балканот. 

Продолжува на страна 6 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.