Како и секоја, така и оваа недела ќе ве насмееме со оригиналните афоризми на Марјан Анѓеловски.Но, наместо досегашните седум, Марјан реши да ве почести со еден гратис афоризам, со кој ви посакува убаво да го поминете овој неделен ден.
Ајде да видиме што ни подготви Марјан за оваа недела:
– Почнав да дувам лепак. Затоа одлепив.
– Ве молам нареден пат кога ќе ми го перете мозокот не ја уклучувајте центрифугата.
– Џихадистите се мирни луѓе. Само понекогаш знаат едноставно да експлодираат.
– Ми падна леќата. Сега гледам на гравчиња.
– Истраен сум во намерата да се откажам.
– Животот повеќе не ни виси на конец. Скинавме конци.
– Оние на кои слепо им верувавме ни ги извадија очите.
– Дарвин со својата теорија нѐ направи млади мајмуни.Но, наместо досегашните седум, Марјан реши да ве почести со еден гратис афоризам, со кој ви посакува убаво да го поминете овој неделен ден.



