Малку ПОИНАКОВ РОЛАТ со крем од нескафе!

Loading...

Мора да го направите!Состојки
2 – 3 лажици бадеми мелени1 лажица нескафе3 лажици шеќер200 мл. млеко100 гр. шеќер во прав100 гр. путер50 гр. маргарин2 – 3 лажици бадеми мелени1 лажичка прашок за пециво4 лажици брашно5 лажици шеќер3 јајца1 пудинг од ванилакора од 1 лимон5 јајца
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.Измешајте ги јајцата и шеќерот со миксер. Потоа додадете ги сите состојки за тестото и продолжете со мешање додека да добиете изедначена смеса.Обложете еден плех со хартија за печење и во него истурете ја внимателно смесата за ролатот. Намалете ја рерната на 160 степени и печете го тестото 30 минути. Потоа извадете го плехот и превртете го ролатот врз влажна кујнска крпа за да омекне.
Нескафето и шеќерот измешајте ги со малку топло млеко за да се растопат. Прашокот за пудинг измешајте го со 2-3 лажици ладно млеко. Во еден сад измешајте ги со миксер јајцата. Потоа додадете ја смесата од шеќер и нескафе, прашокот за пудинг и целото млеко. Изматете ја добро смесата. Потоа префрлете ја во едно тенџере и варете ја на среден оган со постојано мешање додека да се згусне. Оставете го кремот добро да се излади а потоа измешајте го со миксер со путерот, маргаринот, шеќерот во прав и мелените бадеми. Намачкајте го ролатот со 2/3 од кремот. Завиткајте го внимателно ролатот и намачкајте го со остатокот од кремот. Декорирајте со сецкани бадеми.Состојки
2 – 3 лажици бадеми мелени1 лажица нескафе3 лажици шеќер200 мл. млеко100 гр. шеќер

loading...
Loading...