МЕКАНИ ЛЕПЧИЊА СО СИРЕЊЕ – ЛЕПЕЗЕСТИ ШКОЛКИ

Преубаво, декоративно печиво кое се приготвува многу едноставно. Испробајте го поскоро!Потребни состојки:
720-800 г брашно + 150 г за премесување
40 г квасец
150 мл млеко (топло)
200 мл вода (топла)
150 г кисела павлака
2 лажички шеќер
2 лажички сол
150 г путер/маргарин (растопен)
1 јајце
За фил:
400 г ситно сирење
1 јајце
Сол
За премачкување:
1 јајце3 лажици млекоСусам
Постапка:
Издробете го квасецот, додадете 2 лажички шеќер, 2 лажички брашно и изматете со малку топло млеко. Оставете околу 10-тина минути да се активира.
Во вангла ставете 400 г брашно и посолете. Додадете го активираниот квасец, киселата павлака, растопениот путер, јајцето, водата и замесете поретко тесто. Потоа постепено додавајте уште брашно и кога ќе се формира тестото прекријте го со крпа и оставете така да отстои околу 30 минути.
Повторно премесете го со додавање на брашно, поделете го на два дела и секој дел на помали еднакви делови.
Направете од нив топчиња, оставете ги малку да отстојат, па секоја развлечете ја во величина на мала чинија. Филувајте со сирење во кое сте изматеиле јајце и сол ако е потребна. Преклопете како школка и засечете на пет места (како што е прикажано во видеото). Редете во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете да надојдат.
Изматете јајца и млеко па со тоа премачкајте го секое печиво. Наросете со сусам. Печете во веќе загреана рерна на 200 степени додека убаво да поруменат, околу 25 минути.
 
 
Потребни состојки:
720-800 г брашно + 150 г за премесување
40 г квасец
150 мл млеко

Пронајдете не на следниве мрежи: