Мекејлеб со Фенербахче го освои турскиот Куп

Македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, го освои првиот трофеј оваа сезона, откако со Фенербахче го победи Галатасарај со 63:57, во финалниот меч, во турскиот кошаркарски Куп.Мекејлеб, во победата на Фенербахче пратиципираше со 10 поени, четири скока и една асистенција. Фенер до Куп титулата го предводеа центрите Дејвид Андерсен со 21 поен и Огуз Саваш со 14 поени. Во редовите на Галатасарај со учинокот се истакна Бонифас Ндонг, мечот го заврши со 12 поени и шест скока.За најкорисен игра на завршниот турнир беше прогласен кошаркарот на Фенербахче, Давид Андерсен.Инаку Летсер Бо Мекејлеб, претходно како играч на Партизан и Монтепаски Сиена, ги освојувал Куп титулите во Србија односно Италија.
МакфаксМакедонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, го освои првиот трофеј оваа сезона, откако со Фенербахче го победи Галатасарај со 63:57, во

Пронајдете не на следниве мрежи: