Модниот акцесоар кој дамите го носат само во домот, сега е нов хит

Во деведесеттите години на минатиот век, овој моден додаток беше голем тренд, а оттогаш остана модна историја. Но, сега се враќа на голема врата.Познатиот дизајнер Александар Венг на њујоршката модна недела најави неочекуван камбек на таканаречените “claw” шноли, односно големи шноли кои, како што кажува и самото име, наликуваат на канџи. 
Во деведесеттите години се прославија со Џенифер Анистон, која преку популарната ТВ серија “Friends” ги диктираше трендовите и фризурите, а неодамна со нив се пофали и Ким Кардашијан на својот Инстаграм профил.

 
Моделите на ревијата на Венг носеле металик, беж и црни шноли кои, освен по логото на луксузниот бренд, не се разликуваат од нивните многу поповолни варијанти кои веројатно многумина од дамите веќе ги поседуваат. А сигурни сме дека трендот брзо ќе одекне бидејќи станува збор за еден многу практичен моден додаток.

 Познатиот дизајнер Александар Венг на њујоршката модна недела најави неочекуван камбек на таканаречените “claw” шноли, односно го

Пронајдете не на следниве мрежи: