Можеме ли да живееме вечно: Пронајден „биолошки лимит“ кој ги спречува луѓето да живеат вечно

Сакајќи да установат дали постои горна граница на старост до која секој човек може да дојде, француските истражувачи пронашле докази за постоење на „биолошки лимит“ кој спречува луѓето засекогаш да живеат. Како што пренесува AFP, научниците пронашле две групи на долговечни луѓе: едни во кој бил опфатени 1.205 „супер стогодишници“ кои биле во 110 година или постари, во периодот меѓу 1899 и 2013 година, а друга група од 19.012 атлетичари кои се натпреварувале на Олимписки игри од 1896 до 2012. 
Имено, за атлетичарите се смета дека живеат подолго.  
Кај супер стогодишните, истражувачите забележале дека долговечноста постепено раснела се до 1997 година. Сличен феномен е забележан и кај атлетичарите. 
Овие трендови, меѓутоа „ не укажуваат на никакво скоро зголемување на долговечноста“ истакнуваат научниците, што не е добра вест за просечниот животен век. 

 
За тренодот на ова долго стареење се продолжи, напоменуваат тие,  би посоеле докази за се поголем број на луѓе кои живеат се подолго.
Резултатите од истражувањето се објавени во  Journal of Gerontology, поткрепувајќи ја „невидливата граница“ на стареење. 
Сепак научниците признаваат дека истражувањето е спроведено на релативно мал број луѓе и во лимитиран период, што укажува дека овој тренд кој го забележале би можел да биде само „моментална анатомија“Како што пренесува AFP, научниците пронашле две групи на долговечни луѓе: едни во кој бил опфатени 1.205 „супер стогодишници“ кои

Пронајдете не на следниве мрежи: