Целиот свој живот, Јосип Броз Тито бил окружен со убави жени, но неговите бракови не биле среќни. Во подоцнежните години, Тито земал стероиди за поубав тен, а како резултат на тоа – машкоста му се исушила, што потврдуваат и лекарските извештаи.По неговата смрт, настана вистински хаос во државата, партијата, семејството и бракот. Ова го раскажа публицистот Миро Симиќ, кој е поранешен новинар на внатрешно-политичката редакција во љубљанскиот „Дневник“ и шеф на дописништвото во мариборскиот „Вечер“.
Пред крајот на животот, а посебно по смртта на последната сопруга на Тито, Јованка Будисављевиќ, во јавноста се појавија разни теории за нејзината оддалеченост од маршалот во последните години од неговиот живот. Ниту една од теориите не беше блиску до вистината. Самиот Тито ја оттурнал Јованка од себе, поради болната љубомора и неподготвеноста да ги прифати неговите две последни љубовници – сестрите Грбиќ!
Тајната за оваа последна романса на Тито се крие во фамозната „Кутија број 36“, која се чува во словенечката Државна архива. Кардиологот Александар Матуновиќ, кој му бил личен лекар на Тито од 1975 година па до неговата смрт, остави сведоштва за последните романси на Тито.
„Даријана Грбиќ беше масерка од Славонија, која тогаш имаше 22 години. На повик на Јованка, таа дојде во домот на Брозови, бидејќи првата дама сакаше да ја намали килажата. Тито во тоа време веќе имаше масерка од Словенија. Но, еден ден, Словенката беше отсутна, а маршалот сакаше некој да го измасира. Даријана ја заврши работата и од тој момент, таа почна да го масира секој ден. Кога масажите ѝ станаа напорни, таа еден ден ја повика својата сетсра Радојка да ѝ помогне. Од тој момент, двете имаа постојана работа и престој во резиденцијата. Јованка немаше ништо против тоа, сѐ до моментот кога не почуствува дека Даријана може да ѝ стане соперничка“, раскажал Матуновиќ.
Во една прилика, дојде до силна караница помеѓу сопружниците. Тоа било непосредно пред заминувањето на Тито во Кина, во 1978 година. Причина за караницата била младата масерка. Јованка го нарекувала Тито дека е „старец“, „будала“, „блудник“, а тој ѝ велел дека е бесрамна и параноична.
По таа караница, Тито бил видно возменирен, а кардиологот се плашел за неговиот притисок. Тој го прашал дали мисли дека Јованка е луда жена, на што Матуновиќ му ги навел симптомите на паранојата и го оставил самиот да заклучи.
Кога Јованка забележала дека тие разговараат во паркот, му се приближила на лекарот и му забранила повеќе да не стапнува во нивниот дом.
„Сестрите Грбиќ беа млади и згодни, имаа повластен статус во однос на останатиот персонал и Тито поминуваше многу време со нив. Постарата сестра Радојка беше витка, шармантна и едуцирана. Помладата Дарија беше со понизок раст, но со складна фигура и убави црти на лицето. Тито велеше дека ден поминат без масажа – е загубен ден“, продолжува Матуновиќ.
Масажите биле неизбежен и секојдневен третман, а сестрите наизменично го масирале Тито.
Во една друга прилика, Јованка се пожалила дека Тито ѝ удрил шлаканица и рекла дека нивните односи стануваат поладни. Во меѓувреме, неговиот однос со Даријана станувал сѐ поблизок, а тоа посебно се видело кон крајот на 1977 година во Игало, кога изразила желба да стане член на лекарскиот конзилиум.
„Никој не го познава Тито толку добро. Ја познавам секоја негова брчка, секое негово влакно, секоја бенка, секоја брадавичка. Јас го сакам Тито. Лудо го сакам и тој го знае тоа. И вие можевте да забележите дека тој не е рамнодушен кон мене. Многу е внимателен, чувствителен и искрен. Сѐ ми кажува. Помеѓу нас нема тајни“, Матуновиќ тогаш сфати дека таа сака да го заземе местото на Јованка.
Тој се обиде да ѝ објасни дека е невозможно една масерка, па макар и да му е љубовница на Тито, да стане дел од тимот во кој седат професори, доктори и познати научници. Тито го слушнал тоа и утредента му било кажано на Матуновиќ да се врати на својата стара работа и дека веќе не им е потребен во резиденцијата.
Набрзо потоа, сестрите Грбиќ добиле уште една „битка“: и Јованка си заминала од Игало, бидејќи му поставила ултиматум да бира помеѓу нив и неа.
Хедонист до крај, тој ѝ одговорил дека ги бира сите три, по што Јованка решила да се оддалечи од него, а сестрите Грбиќ останале покрај него сѐ до неговиот последен здив.По неговата смрт, настана вистински хаос во државата, партијата, семејството и бракот. Ова го раскажа публицистот Миро Симиќ, кој