НАЈПОПУЛАРЕН РЕЦЕПТ: ЧОКОЛАДНИ ПАЛАЧИНКИ ЗА 10 МИНУТИ

Чоколадните палачинки се убаво, вкусно јадење, оригинален десерт- она што секој би го посакал.Овој рецепт е одличен за сите оние кои сакаат да експериментираат, и за оние кои го сакаат чоколадото.
 Не е случајно што овој рецепт е еден меѓу најпопуларните на интернет- пробајте и уживајте!
 РЕЦЕПТ
 Потребни состојки:
 400 мл кефир (или јогурт)
300 г пченично брашно
60 г шеќер
40 г какао
1 јајце
Сода бикарбона на врв од ножот
1 чајна лажичка лимонов сок
Масло
Постапка:
 Во длабока чинија измешајте: лимонов сок, јајце и шеќер.
Потоа додадете ги останатите состојки: брашно, сода бикарбона, какао и кефир.
Мешајте додека да добиете изедначена смеса, најдобро со миксер.
Смесата треба да биде погуста од вообичаеното тесто за палачинки.
Меѓутоа, не може долго да стои, па затоа веднаш започнете со печење на палачинките.
 Маслото во тавчето добро загрејте го. Палачинките се печат на повисока температура.
Додека се печат, палачинките малку ќе пораснат и ќе станат воздушести.
Такви треба и да останат кога ќе бидат изладени.
Чоколадните палачинки можете да ги послужите со кафе, какао или топло чоколадо.
Можете да ги декорирате со шлаг. Контрастот од темно чоколадо и бел шлаг е многу декоративен.
Пробајте!Овој рецепт е одличен за сите оние кои сакаат да експериментираат, и за оние кои го сакаат чоколадото.
 Не е случајно што овој рецепт

Пронајдете не на следниве мрежи: