Најточниот афрички хороскоп!

Amahlengeto Azvanajo – ДЕЛФИНИ ЉУБОВНИЦИ (21. фебруари – 20. март)
Афричкото предавање кажува дека родените во овој знак се истрајни. Можат да бидат слаби на многу начини-физички па и интелектуално,но храбри се,своеглави и непопустливи. Кога се повикани да извршат некоја задача,тие до крајна граница се посветени на тоа. Веруваат во одржување на зборот во секој момент. И покрај големото патење и неволјите истрајуваат до конечен успех. Не знаат само како да се борат за она што е добро и вистинско, туку и како да се одржат во она што веќе го постигнале.Можат да направат доста грешки и да останат без  сила,но кој може да го избегне тоа?Верни љубовници се и посесивни сопружници. Стануваат успешни кога се соочени со противење на оној другиот.Сакаат да бидат признати,а ништо не може да ги повреди повеќе од тоа дека се отфрлени.Кога ќе се налутат,сите кои се во нивна околина треба да бидат претпазливи.Понекогаш се склони на подвалување и чудни се – склони на промена на расположението,како и морето-мирно и плаво во еден момент,а во сиво и валовито во следен момент. Родените во овој знак,често се и неодлучни. Ќе кажат да,но…затоа што не се задоволуваат со постигнатото. Сакаат да го одгонетнат и она најскриеното. Одлични пријатели се на оние кои ќе се најдат во неволја.

Dushuza – БОРБЕН ОВЕН (21.март – 20.април)
Родените во овој знак спрема традиционалното верување е вистински воин,иако вообичаено не е водич. Приврзан пријател е и во добро и во лошо и ќе остане присутен и тогаш кога сите ќе се откажат. Припадниците на овој знак се во состојба да го налутат и најсилниот непријател. Борбените овнови брзо се лутат но брзо и се смируваат,простуваат и забораваат. Доста се надарени,но го кријат своето вистинско лице и ги прикриваат емоциите. Тешко е да се прочитаат и да ги сватите што мислат. Многу посесивни се,посебно кога е во прашање нивното богатство,и може да бидат многу скржави. Меѓутоа ретко е луѓето родени во овој знак да стигнат до некое матерјално или духовно богатство. Овие луѓе се просечни,затоа што и нивната среќа е средна.

Burumatara ili Unkunzendala – СТАР БИК (21.април – 20.мaj)
Родените во овој знак се агресивни во се што работат. Силни се,доверливи,но и поносни. Кога нешто ќе им се даде да направат,тоа ќе го направат со биковско темпо,полека и сталожено,жалејќи се,но и покрај се,поштено и темелно ќе ја завршат работата. Карактеристично за нив е дека можат да стекнат големо богатство, но понекогаш знаат и да го изгубат. Можат преку ноќ да се збогатат, но исто така и да изгубат. Овие луѓе лесно добиваат во игри на среќа,и освојуваат водечки места во разни натпревари. Лути борци се и спремни на маки,но нивната храброст понекогаш е ограничена, ако наидат на тврд противник се повлекуваат. За нив ништо не е пострашно од тоа некој да ги игнорира.

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА:

Пронајдете не на следниве мрежи: