Нека ви започне денот со топли и крцкави лепчиња

Направете вкусен, топол и крцкав појадок однадвор, а внатре мек како душа.
Ова е рецептот и начинот на подготовка:

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

500 гр брашно
1 јајце
250 мл вода
1/2 квасец
3 лажици масло
1 лажичка сол

СОСТОЈКИ ВРЗ ТЕСТОТО:

200 мл јогурт
1 јајце
1 лажица масло
оригано
сол
100 гр сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од состојките за тесто се замесува меко тесто и се остава до еден час да нарасне.
Тестото ќе биде доста меко, затоа ставете брашно на работната маса и формирајте лепињи. Од оваа смеса ќе излезат десетина.
Секоја лепиња премачкајте ја со смеса од јогурт и јајце кои заедно ќе ги изматите заедно со солта, маслото и ориганото.
Потоа нанесете го и изрендано сирење.
Нека стојат десетина минути, па печете на 220 степени околу 10 минути.

Добар апетит!
Послужете ги со јогурт или павлака
Ова е рецептот и начинот на подготовка:

СОСТОЈКИ ЗА ТЕС

Пронајдете не на следниве мрежи: