НЕОБИЧНО, НО ПРЕВКУСНО: Чоколаден колач со кисела павлака

Сочен, вкусен, чоколаден, се топи во уста… Можеме со денови да набројуваме, но најдобро ќе биде овој чоколаден колач со кисела павлака да го пробате сами и да додадете уште некој епитет.Потребно е:
За кора:
– 1 шолја путер
– 1 шолја вода
– 1/3 шолја како во прав
– 1 лажица сол
– 2 шолји брашно
– 1 ¾ шолји шеќер
– 1 ½ лажица сода бикарбона
– 2 јајца
– ½ шолја кисела павлака
– 1 лажица екстракт од ванила
За глазура:
– 120 г чоколадо за готвење, ситно исецкано
– 1 ½ лажица сируп од агава или мед
– ½ шолја слатка павлака
– 1 ½ лажица шеќер
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се грее на 175 степени, акалапот за куглоф намачкајте го со путер и посипете брашно.
Во помал сад помешајте какао, путер, сол и вода, па ставете на умерена температура на шпорет полека да се загрева. Кога путерот ќе се растопи и состојките ќе се соединат, тргнете од оган и оставете на страна.
Во поголем сад за матење измешајте брашно, шеќер и прашок за пециво, додадете половина смеса од путерот и какаото, се добро изматете, па додадете ја другата половина. По тоа додавајте едно по едно јајце, матејќи со лажица за матење, а потоа додадете павлака и ектракт од ванила.
Смесата ставете ја во подготвениот калап и печете 40-45 минути. Пред да го извадите колачот од калапот, оставете да се лади 15 минути, па пробајте да го извадите. Изладениот колач полијте го со глазура.
Исецканата чоколада, сирупот од агава или мед ставете ги во помал сад и тргнете на страна. Во мало лонче ставете ги павлаката и шеќерот на шпорет да се загреат до точка на вриење. Павлаката прелијте ја преку исецканата чоколада, оставете неколку минути, па енергично промешајте додека не добиете мазна и течна глазура.
Подготвената глазура прелијте ја преку целиот колач.Потребно е:
За кора:
– 1 шолја путер
– 1 шолја вода
– 1/3 шолја како во прав

Пронајдете не на следниве мрежи: