четврток, 12 ноември 2026
Најново

Неспособноста и неодговорноста на СДС ја претвора Македонија во голема еколошка катастрофа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од  непосветената влада на СДС досега наместо проекти гледаме само диви депонии, депонии кои горат, а никој не ги гаси, и пожари на скоро секој дел од нашата земја кои СДС не може да ги угаси.Пожарите горат, а владата на Заев се чешла. Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во Зрновци, во Ѓорче Петров, како и со пожарот во Македонски Брод кој веќе неколку дена се шири, а владата на СДС не се потруди да го запре и угаси бидејќи за нив се побитни луксузните вечери со Каракачанов отколку здравјето на граѓаните.
          Додека граѓаните деноноќно се гушат во чадот од депониите во Струга, Арачиново и Тетово, функционерите на СДС си организираат средби со разно разни амбасадори по луксузни хотели и јадат октоподи и морски плодови.
          За овие неполни 2 месеци поради својата негрижа и неажурност 26 министри во владата на Заев со него на чело дозволија во секое место од државата да се случува еколошка катастрофа. Граѓаните да бидат оставени сами на себе и самите да се справуваат со овие еколошки проблеми.
          ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која служи на граѓаните ги повикува сите невладини организации на Соросовата фондација кои се фалат дека се грижат за здравјето на луѓето и животната средина да се огласат и да ја осудат неработата на владата на СДС. Доколку тоа овие невладини организации не го сторат на македонската јавност ќе и докажат дека биле и останале мегафони во рацете на СДС кои служеле само да ја критикуваат владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
          Време е СДС да ги засука ракавите и да почне да работи во корист на граѓаните, а не да се однесува како да е од друга планета и ништо да не работи.
          СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев, кој ќе биде поразен и делегитимиран.Пожарите горат, а владата на Заев се чешла. Неспособната влада дозволи и најмал пожар да се прошири во сериозни размери. Тоа се случи со пожарот во

Поврзани вести