Никола Груевски упати честитка до верниците по повод Католички Велигден

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка до верниците по повод Католички Велигден.Почитуван г. Стојанов,
Ми претставува особено задоволство, во свое име и во име на ВМРО- ДПМНЕ, Вам лично и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден и да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом.
Нека божјата порака и во иднина биде потсетување, да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни и праведни, да се сакаме, да простуваме, да помагаме и да создаваме убави и позитивни дела за земјата. Љубовта, толеранцијата и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици.
Промовирањето на вредностите помага во градењето на стабилна и просперитетна држава, меѓусебното почитување, како што постоело со векови меѓу луѓето, е добар пример дека со секој чекор треба се покаже широчина, толеранција и разбирање. Тоа ќе помогне и во напредокот на државата на секој план и секое поле.
Нека се среќни Велигденските празници и нека Божјата благодат биде постојано со нас, со нашите граѓани, со Македонија! Нека е за многу години големиот празник!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!Почитуван г. Стојанов,
Ми претставува особено задоволство, во свое име и во име на ВМРО- ДПМНЕ, Вам лично и на сите верници од католич

Пронајдете не на следниве мрежи: