ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп до Локвенец: Во чии џебови завршија парите од Тутунскиот комбинат?

Реакција на прес-конференција на СДСМ ОО Прилеп 24.03.2016 година.Господине Локвенец ви благодариме на поставеното прашање. Ова е прашање кое Вие си го поставувате најверојатно самиот на себе. Ние заедно со целата прилепска јавност, очекуваме лично Вие да ни дадете одговор на поставеното прашање „Во чии џебови завршија парите од Тутунскиот комбинат?”
Дали г-дине Локвенец вашите фирми имаат работено со Тутунскиот комбинат? Одговорете г-дине Локвенец колку средства вие преку вашите фирми имате земено од Тутунскиот комбинат за време на криминалното работење на директорите од СДСМ за кои има правосилни пресуди? Дали г-дине Локвенец ви се познати фирмите Печатница „Гинис” и „Ха-Ем” дооел Прилеп? Дали г-дине Локвенец ќе им кажете на прилепчани дека повеќе од 25 милиони денари се завршени во овие две фирми?
Ете таму се парите г-дине Локвенец, во вашите џебови. Кај вас и вашите директори кои сеуште се во затвор за криминалите направени во Тутунскиот комбинат. Кратко и јасно: Каде завршувале парите од Тутунскиот комбинат најдобро знае СДСМ, затоа што истакнати членови на СДСМ добро се офајдиле од тие пари и со своето криминално работење го уништија најголемиот бренд во Прилеп-Тутунскиот Комбинат.Господине Локвенец ви благодариме на поставеното прашање. Ова е прашање кое Вие си го поставувате најверојатно самиот на себе. Ние заедно со целата

Пронајдете не на следниве мрежи: