петок, 13 ноември 2026
Најново

Општина Кисела Вода досегa додели 1832 ваучери за новороденчиња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Кисела Вода денес додели нови 43 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот.  
Од нив 24 беа за машки, а 19 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1832. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.Има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Истиот ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид  важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
  
Од нив 24 беа за машки, а 19 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на

Поврзани вести