Денес општина Кисела Вода се вклучи во националната еколошка акција „Македонија без отпад 2016“. Оваа глобална акција која е поддржана од Европскиот парламент има за цел да иницира еднодневни активности за расчистување на што поголемо количество на отпад.Во овие активности се вклучија вработените во општинската администрација, сезонските работници, но и голем број на граѓани, кои чистеа на три локации: Теферич, трим-патеката бараки 11 октомври и на локалниот пат за Хемтекс.
Во големата акција се вклучија и основните училишта од општината, кои изведуваа акции за чистење на дворовите, училниците, изведоа акции за собирање на стара хартија, а учениците испишаа и пораки за зачувување на животната средина.
Покрај учениците во оваа акција учествуваа и младинците од извидничкиот одред Јадран кои дадоа голем придонес во активностите за почиста животна средина.
Сите учесници во оваа акција покажаа дека се насочени кон подигнување на свеста за чување на животната средина и правилно постапување со отпадот.
Општина Кисела Вода како и досега така и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на сите акции кои ќе имаат цел за почиста и поздрава животна средина.Во овие активности се вклучија вработените во општинската администрација, сезонските работници, но и голем број на граѓани, кои чистеа на три локац